Ве водиме во LES ARC 1800 – Гигантот на француските Алпи, ски центар кој бележи многу брз развој и денеска заедно со La Plagne, спаѓа во комплекс на еден од најголемите ски центри – Paradiski.

*PARADISKI  (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) располага со 425 км беспрекорно обработени ски/борд патеки на надморска висина од 1200 до 3226 м. за сите категории на скијачи, како и воодушевувачка панорама кон Монт Блан. Наша топла препорака е да земете

“ESENTIAL” ski pass за PARADISKI регионот.

 *LES ARC се состои од 5 населби:

   Bourg Saint Maurice, Arc 1600, Arc 1800, Arc 1950 i Arc 2000- сите поврзани !

*LES ARC 1800  располага со 200 км ски патеки и е на надморска висина од 1800 м.најпопуларно и најголема ски населба со најбогата Apres Ski  содржина.                        Многубројни пабови,ресторани, продавници…

*Според истражувањето на World Snowboard Guide, спаѓа меѓу најдобрите snowboard дестинации, а секако едно од најдобрите ски дестинации во Франција.

 FIRST MINUTEЦЕНА:За уплата до 30-ти Септември 2023     

Цените се дадени за пакет аранжман во eвра по лице.  Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд

Термин:PARADISKILES ARCS 1800  од 629
 19. 01.2024               Ski F R A N C E  2024
LES ARC 1800     20.01.2024
Тип на сместување            Број на кревети 
RESIDENCE 65432
АПАРТМАН- ДУПЛЕКС  “ARCHEBOLD” 315                     лица  629669759
СТУДИО  “RUITOR” 804                                                    лица  659709819
АПАРТМАН – Мезонет  “AIGUILLE GRIVE’’1505       лица   659709819
СТУДИО – Мезонет        “AIGUILLE GRIVE’’1434       5 лица 629669719 
СТУДИО – Мезонет       “AIGUILLE GRIVE’’ 3406        лица 629669719 
АПАРТМАН – Мезонет  “AIGUILLE GRIVE’’ 3212       лица 659699759 
АПАРТМАН – Мезонет  “AIGUILLE GRIVE’’2229         лица 659699759 
АПАРТМАН – Дуплекс Мезанин“MIRANTIN” 248        лица 629669719 
АПАРТМАН –  “Les THURIA”  525                                    5 лица 659699759 
СТУДИО-КАБИНА   “Les THURIA”  713                          лица 659699759 
АПАРТМАН  “Les THURIA” 715                                       5 лица 659699759 
АПАРТМАН – Мезонет  “AIGUILLE GRIVE’’ 2315         лица 659679719  
АПАРТМАН   6 лица“ALLIET”  314                          лица 639659699  
DOPLATA ZA ESSENTIAL SKI PASS : +35      

Програма

ден-петок  СКОПЈЕ – LES  ARC 1800: Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за  LES  ARC 1800  во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота LES  ARC 1800 Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

3–8 ден LES  ARC 1800: Шест дневно скијање во LES  ARC 1800. Ноќевање.

9. ден-сабота LES  ARC 1800СКОПЈЕНапуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)

10 ден – недела СКОПЈЕ: Пристигнување во попладневните часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – LES  ARC 1800– Скопје
  • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот во LES  ARC 1800
  •  6 дневен скипас за стазите на LES  ARCS 
  •  Туристички пратител за време на турата

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток од спортски ризик 800 ден.
  • Задолжителна Туристичка такса 15 €  по лице за цело време на престој. Се плаќа во готово на водичот на групата.
  • ESENTIAL Paradiski skipass35по особа за 425 км ски патекиплус бројни привилегии: Резервација задолжителна  со пријава и уплата во агенција. Наша препорака!
  • Постелнина и крпи.
  • Завршно чистење на апартманите.
  • За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца А бр.УЛ 13-59, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).

Важни завршни напомени

  1. Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.
  2. РЕЗЕРВАЦИЈА:
  • Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 10.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 15.Декември 2023.                                                         Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција. 
  • Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
  • Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
  • Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.

Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.

  1. Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
  1. За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
  2. Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени  желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмани, агенцијата ќе ги проследи до партнерската агенција, но не гаранти за исходот.
  3. Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите ( гориво, сместување, ски пас ) за кои агенцијата не може да влијае.
  1. FIRST MINUTE  цена важи до објавениот датум во ценовникот.

После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување.

  1. Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
  2. Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус.
  3. Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.
  4. Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во  таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво  на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
  5.  Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до наведениот датум (15.12.2023) Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок резервацијата ќе биде автоматски откажана а уплатените средства како аванс ќе бидат неповратни.

ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:

  1.  Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до Агенцијата, со образложение за отказот. Отказните трошкови се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои Агенцијата не може да влијае.

>Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:

 * Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање20% од цената

 * 8 – 6 недели пред поаѓање30% од цената

 * 6 – 4 недели пред поаѓање50% од цената

 * 4 недели и помалку пред поаѓање100% од цената

  1.  Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 14€ – единечна постелнина или 16€ -брачна постелнина и 14€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 5€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност).   Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
  2.  Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 350€ по студио за 4 лица или 400 евра по апартман за 4 лица. Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и  гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови. 
  3.  Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
  4.  Цена за чистење: Студио за 4 лица:75€, Студио со кабина за 4 лица: 85€, Апартмани со 2  соби за 6 лица: 95€.
  5. Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
  6. Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
  7. ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.

НЕХАР ТРАВЕЛ Ви посакува пријатно патување и убав зимски одмор во Франција!

  • Генерален опис на  Студиата и Апартманите во  LES  ARC 1800

LES ARCS 1800 е поделен во неколку квартови, сите се меѓусебно споени а жичарите се навоѓаат помеѓу нив. Сите квартови се SKI IN-SKIOUT. За оваа година ви одбравме студиа и апартмани во најдобрите квартови. Распоредот, големината иопремата може да варира од  објект дообјект, како и цената.

  • LES VILLARDS – центарот на местото кој се смета за центар  на скијалиштето со многубројни продавници, супермаркет, базенот и клубови, продавници. Од тука тргаат сите гондоли и жичари кон целиот ски ресорт.
  • CHARMETTOGER, веднаш до централниотдел и сите се  Ski IN-Ski OUT..

          “CHARMETTOGER”

Residence “AIGUILLE GRIVE’’ 3*

Лоцирана во квартот CHARMETTOGER на самите скијачки патеки, на 300 м. од центарот на квартот LES VILLARDSКомплексот е составен од 3 згради, секоја со лифт. WI-FI.

Апартман – мезонет 1505 за 4 лица, 30м2:

Дневна соба со мини кујна, ТВ. Спална собасо голем кревет за 2 лица. Мезанин со 2 единечни кревети. Кујната е опремена со фрижидер, шпорет со 3 рингли, микровална, машина за миење на садови. Купатило со када и тоалет. Балкон.

Апартман – мезонет 2229 за 5 лица, 30м2:

Дневна соба со мини кујна, еднинечен кревет, ТВ со рамен екран. Спална собасо голем кревет за 2 лица. Мезанин со 2 кревети на спрат. Кујната е опремена со фрижидер, шпорет со керамички рингли, микровална, машина за миење на садови. Купатило со када и тоалет. Посебен тоалет. Балкон со северозападен поглед.

Апартман – мезонет 3212 за 5 лица, 37м2:

Дневна соба со мини кујна, еднинечен кревет, ТВ. Спална соба2 единечни кревети. Мезанин со 2 кревети на спрат. Кујната е опремена со фрижидер, шпорет со 2 рингли, микровална, машина за миење на садови, кафемат. Купатило со када и тоалет. Посебен тоалет. Балкон со југозападен поглед.

Студио – мезонет 1434 за 5 лица, 30м2:

Дневна соба со мини кујна, софа за седење која се отвара во голем кревет за 2 лица, ТВ. Мезанин со голем кревет за 2 лица плус еднинечен кревет (одвоен со клизна врата). Кујната е опремена со фрижидер, шпорет со 3 рингли, мала печка, микровална, машина за миење на садови. Купатило со када и тоалет. Балкон со северен поглед.

Студио – мезонет 3406 за 5 лица, 35м2:

Дневна соба со мини кујна, софа за седење која се отвара во 1 единечен лежај, ТВ.   Мезанин  со 1 единечен кревет, софа која се претвара во 1 единечен кревет, 2 еднинечни кревети на спрат (одвоени со завеса). Кујната е опремена со фрижидер, шпорет со 3 рингли, мала печка, микровална,машина за миење на садови, кафемат, тостер, ел.бокал. Купатило со када и тоалет. Посебен тоалет. Балкон со јужен поглед.

Апартман – мезонет 2315 за 6 лица, 35м2:

Дневна соба со мини кујна, софа за седење која се отвара во 2 единечни лежаи, ТВ со равен екран. Предсобје-кабинаголем кревет за 2 лица. Мезанин  со 2 еднинечни кревети. Кујната е опремена со фрижидер, шпорет со керамички рингли, мала печка, машина за миење на садови. Купатило со када и тоалет. Посебен тоалет. Балкон со јужен поглед.

Residence “MIRANTIN 2’

Лоцирана во квартот CHARMETTOGER на самите скијачки патеки, во непосердна близина на гондолата Transarc.

Апартман – дуплекс мезанин 248 за 5 лица, 30м2:

Мезанин со софа ( клик-клак) која се претвара во лежај за 2 лица, 2 единечни кревети на спрат. Дневна соба софа која се претвара во единечен лежај, ТВ, мини кујна. Кујната е опремена со  електрични рингли, печка, фрижидер, микровална, машина за миење на садови. Купатило со када и тоалет. Балкон со источен поглед кон масивот Монт Блан. 4-ти, последен спрат.

Residence “ALLIET-1’’

Лоцирана во мирниот дел од квартот  CHARMETTOGER, во близина на самите скијачки патеки.

Дуплекс Апартман –  314 за 6 лица, 34м2, 2-ри спрат, балкон со поглед кон исток:

Дуплекс Апартманот на самиот влез има купатило со када и тоалет. Кујната е отворена кон дневната соба и е опремена со  керамички рингли, мини печка, фрижидер,  машина за миење на садови.Дневната соба се состои од 1 софа и 1 кревет на расклопување, маса со столици, ТВ со рамен екран. По скалите во горниот дел (висина 1,8м, не е препорачливо за деца под 6 год) има 2 единечни кревети на спрат, посебен простор одвоен со клизна врата кој гледа над дневната соба со 2 единечни кревети. Посебен тоалет со умивалник во мезанинот.

Residence “ARCHEBOLD”

Лоцирана во мирниот дел од квартот  CHARMETTOGER, во близина на самите скијачки патеки.

Дуплекс Апартман – 315 за 4 лица,комплетно реновиран, 30м2, 3-ти спрат, лифт, балкон со поглед кон југозапад – поглед кон долината:

Спална соба во мезанин со голем кревет за 2 лица (140х190), ТВ, кабина (мала спална) со 2 единецни кревети на спрат (90х190). Мезанинот не е погоден за деца под 6 год.

Купатило со туш кабина. Посебен тоалет. Дневна соба со маса и столици и опремена кујна со керамички рингли, тостер, кафемат, машина за миење на садови. ТВ и во дневна соба. WI-FI

 “LES VILLARDS”

Residence “THURIA 1”:Лоциран во мирен дел, на самиот влез во централниот дел на скијалиштето, непосредно до жичарите, продавниците. Во приземјето има посебен дел за одложување на скии и чевли за секој апартман посебно, со клуч.

Апартман – 525 за 5 лица, 30м2, балкон со поглед кон југозапад:

Многу конфорен 2 собен Апартман за 5 лица. Дневната соба има Софа која се претвара во кревет (140х190 см) за 1-2 лица, одвоен простор со 2 единечни кревети, ТВ со рамен екран, маса и столици. Спална соба со голем кревет (140х190) за 2 лица. Кујна отворена кон дневната соба, опремена со комбиниран шпорет, фрижидер, машина за миење на садови, тостер, кафемат, ел.бокал. Купатило со када и умивалник. Посебен тоалет.

СТУДИО – Кабина – 713 за 5 лица, 30м2, 7-ми спрат, балкон со поглед кон исток:

Реновирано студио со кабина за 5 лица. Се состои од Кабина (мала спална соба) со 1 единечен кревет и 2 кревети на спрат. Во дневната соба има 1 софа која се претвара во лежај и 1 кревет на расклопување, маса, столици, ТВ со рамен екран. Кујна отворена кон дневната соба, опремена со комбиниран шпорет, фрижидер, машина за миење на садови, тостер, кафемат, ел.бокал. Купатило со када и умивалник. Посебен тоалет.

СТУДИО – Кабина – 715 за 5 лица, 30м2, 7-ми спрат, балкон со поглед кон исток:

Реновирано студио со кабина за 5 лица.Дневна соба со софа-кревет (160х190) за 2 лица, ТВ со рамен екран, маса, столици. Кабината (мала спална соба) е опремена со 1 единечен кревет и 2 единечни кревети на спрат ( не е препорачливо за деца под 6 год). Кујна отворена кон дневната соба, опремена со комбинирана микровална, фрижидер, машина за миење на садови, тостер, кафемат, ел.бокал. Купатило со када и умивалник. Посебен тоалет.

Residence “RUITOR’ Лоцирана во квартот CHARMETTOGER на самите скијачки патеки, на 300 м. од центарот на квартот LES VILLARDS

Апартман – 804 за 4 лица, 30м2, балкон со поглед кон југозапад:

Дневна соба со 2 единечни кревети, маса, столици. ТВ со рамен екран. Спална соба со 2 единечни кревети. Кујна отворена кон дневната соба, опремена со шпорет со ел. рингли, микровална, фрижидер, машина за миење на садови, кафемат за филтер кафе. Купатило со када и умивалник. Посебен тоалет.

—————————————————————————————————————————————————–

  • Влез во објект: од 17.00        Напуштање на објект: 08.00 – 10.00

           КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКИ ЦЕНТАРОТ LES  ARC 1600-1800-2000

LES  ARCS е скијалиште со карактер,преубава природа, панорамски поглед и сончева положба. Идеално место за скијање и забава за сите возрасти. Местото е посебно познато по големо внимание за децата. Baby Club за бебиња постари од 4м, Mini-Club за деца 4-6 г. и Kid’s Club  за деца од 7-12 г. Така родителите може безгрижно да ги остават децата и да скијаат.

*Paradiski  (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) е скијалиште  со 425 км ски патеки  со околу 20 населби и кое стално напредува. Во 2003 направена е нова годола Vanoise Express ( 2000 скијачи на час) која ги поврза двете скијалишта со вкупно 425 км патеки. 70% скипатеките се над 2000 м/нв.Може да скијате и на глечерите  Varet (3.226 м/нв.)  и Bellecôte (3.250 м/нв.).

 За нова забава, французите го создадоа Mille8 за кое потрошија 36 милиони евра. Додадоа нова жичара, гондола, а каблите за wi-fi  ги провлекоа по сите ски патеки како би била достапна новата апликација YUGE.

Mille8 : “aquafun”комплекс, покриен воден парк со тобогани,сауна, теретана, велнес центар. Се простира на 3.800 м2 површина.  Во рамките на Mille8  е направена нова атрактивна патека за санки, долга 900 м, нов  freestyle парк, шеталиште низ шума со специјални `ски чевли`, мини парк за деца,нов ресторан…. Направена е и паралел слалом стаза за туристи….

YUGE апликација: напредна апликација која скијачите едноставно ја инсталираат. Додека скијате добивате информации во реално време за прогноза на времето, ски патеките, време на чекање на жичарите, информации за дневни атракции но да едноставно пронајдете пријател со кој сте се разминале ….

Жичари и ски лифтови  LES  ARC 1600/1800/2000:

Ски лифтови:37, Гондоли: 3, седишници: 24, брзи влечуги:10     

Ски патеки: со вкупна должина од 200км:

  • 62 плави, 2 зелени, 44 црвени, 19 црни, 2 Boarder/Skicross, 48 км нордиско скијање.
  • 410 топoви за вештачки снег
     

Содржини кои ќе ги најдете во местото:  Барови/Пабови,  Ресторани, Маркет, Пекара,  Spa центар,Турист биро, Банка/банкомат, Продавница на сувенири, Полициска станица, Пошта,  Болница, Доктор, Прва помош, Аптека, Планинска служба, Кино  Музеј, Куглање, Спортски центар ,Чевли за снег, Параглајдинг, Санки влечени од кучиња, Ноќен клуб/ Дискотека, ски сервис, Snowpark. GPSкоординати: 45.572223, 6.829650