- NOMAD - https://nomadtravel.mk -

Ladonia Hotels Del Mare 4* – Бодрум

ЦЕНИ НА БАРАЊЕ

Положба

Хотелот се наоѓа во центарот на Бодрум, на околу 35 км од аеродромот Милас.

Сместување

Стандардни соби (една спална, едно купатило, дополнително легло на извлекување, поглед на градина или море, макс.2+1).Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, влечки, клима, мини бар (се полни со вода секојдневно), сеф, ТВ со сателитски програми.

Услуга

Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Со доплата се увозни пијалоци, свежо цедени сокови, и сѐ останато што не е наведено во  концептот.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса, 2 бара. Перење алишта, хемиско чистење, телефон се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен на јавните површини во хотелот.

Плажа

Хотелска приватна плажа со бесплатни лежалки и чадори на плажа и покрај базен.

Спорт и забава

Отворен и затворен базен за возрасни и деца, мал фудбал, одбојка на плажа, фитнес центар, пикадо. Со доплата се турска бања, спортови на вода, нуркање. Забавни програми во текот на денот, мини клуб за деца.