Хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3* сместен е само на неколку чекори од приватна плажа во склад на хотелот и на околу  1,3 км од центарот на градот Саранда. Хотелот нуди прекрасно мени на храна каде што може да  вкусите традиционална грчка храна. Замокот Лекуриши e оддалечен околу 5 км од каде што може да уживате во панорамскиот поглед на Саранда.  Ксамил е оддалечен на околу 15 км. Националниот парк Бутринт заштитен од УНЕСКО и неговиот антички град се наоѓа на оддалеченост од околу 20 км.  Хотел Калеми е оддалечен околу 1 км од Фери пристаништето и главната автобуска станица. Достапна е и услугата rent a car. До аеродромот -Крф може да се стигне со 1 час возење со траект од пристаништето на Саранда.

Располага со 5 двокреветни, 2 четирикреветни и 18 трокреветни соби. 

Опис на соба:

Секоја соба е опремена со клима, фрижидер, ТВ, тоалет ,пешкири, течен сапун.
Собите се чистат секој ден, пешкирите се менуваат на секои два дена, постелнината се менува на секои
3 дена.

  • На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.Првите два и последниот термин се ПРОМО ЦЕНИ и не подложат на попуст
  • При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
  • Дадените цени се по лице и минимум 2 лица сместување во соба.

Во цената Е вклученo:

  • Туристичка такса
  • Појадок
  • Паркинг
  • Две лежалки на плажа+чадор

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурувањe

Доплати и попусти:

  • Дете од 0-5 год– бесплатно
  • Дете од 5-14 год–12€ (МАЈ/СЕП)   /  17€ (ЈУНИ/ЈУЛИ/АВГУСТ)                                             
    (сместувањето е на нормален кревет, цената е на ден за дете)
  • Лице + 14 год- плаќа по цена на возрасен зависно од типот на соба.

Превоз:

  • ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Албанија:
  • Битола (Автобуска станица Транскоп на перон) / Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) 
  • Битола-Саранда – 50€
  • Битола-Ксамил- 50 €
  • Доплата за Трансфер од Кичево + 10 €
  • Деца од 2-11,99год: -40 €

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Охрид за Албанија:

  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) / Струга (Хотел Дрим)
  • Охрид -Саранда – 50€
  • Охрид -Ксамил- 50 €
  • Ресен (спроти автобуска станица) – 50€
  • Деца од 2-11,99год: -40 €

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Албанија:

  • Скопје (Дрводекор)/ Штип (паркинг пред пошта) / Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) 
  • Скопје-Саранда – 50€
  • Скопје-Ксамил- 50 €
  • Доплата за Трансфер од Штип +10 €
  • Деца од 2-11,99год: -40 €

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА :

  • 23:00 h Скопје (Дрводекор) – Трансфер (претходен ден)
  • 23:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – Трансфер
  • 23:00h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер
  • 00:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) – Трансфер
  • 01:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер
  • 02:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
  • 02.30h Ресен (спроти автобуска станица)–Трансфер
  • 03:00h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер
  • 03.15h Струга (Хотел Дрим) –Трансфер
  • 00:45h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер

ВАЖНО:

  • Патувањето за Саранда се реализира преку граничен премин КАФАСАН-Струга со што може да се патува со ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ. Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција. Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%   

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Во АПП/СТУДИОе дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]