ИСТАНБУЛ

Истанбул е голем космополитски центар,единствен град во светот сместен на два конти- нента Европа и Азија, каде се спојуваат исток и запад,чија историја започнува пред 2600г. Истанбул ги чува скапоцените богатства на трите империи на кои некогаш бил главен град.

29.04.21 Поаѓање од Прилеп на групата во 16 ч, преку Бугарија, ноќно возење со попатни одмори.

30.04.21 Пристигнување во Истанбул во утринските часови,сместување во хотел во центарот на Истанбул.Факултативна посета на Паркот Емирган на 20км.,каде се посадени 15 милиони лалиња, со 2 езерца,120 видови растенија,фонтани,3 палати…Враќање во Истанбул.Слободно време за шопинг во Капали и Аксарај Чаршија. Нокевање.

01.05.21 Појадок. Организирано панорамско разгледување на градот со локален  водич: хиподромот, Султанахмедовата (Сината) џамија, Патријаршијата, мостот Галата, споменикот на Ататурк на плоштадот Таксим, мостовите на Босфорот – посета на Азискиот дел – Чамлиџе за панорамски поглед на Истанбул, Римскиот аквадукт, Аја Софија и Топкапи музејот. Слободно попладне.. Вечерта поаѓање за Цариградската Патријаршија каде се прославува Исусовото воскреснување. Ноќевање.

02.05.21 Појадок. Факултативно крстарење со брод по Босфорот, како и факултативна посета на дворецот Долмабахче Сарај – последна резиденција на Отоманската Империја, како и факултативна посета на највисоката зграда во Европа Sapphire Seyir Terasi која на последниот спрат нуди неверојатна панорама на Истанбул како и можност преку 4 Д симулации да се видат најпознатите знаменитости на градот. Посета на трговскиот шопинг центар ФОРУМ и поаѓање за Македонија преку Грција, ноќно  возење со попатни одмори.

03.05.21 Пристигнување во Македонија во раните утринските часови.

ЦЕНА: 4990 денари (80 еур)

Во цената е пресметано:

  • – автобуски превоз на дадената релација
  • – 2 ноќ/ појадок во хотел со 3* во центарот на Истанбул
  • – разгледување на Истанбул со локален водич + посета на Цариградската Патријаршија
  • – организација и придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

  • – патничко здравствено осигурување – задолжително
  • – факултативна посета на Паркот на лалињата – Емирган со водич и превоз – 10 еур
  • – крстарење со брод по Босфорот – ( 15 евра )
  • – факултативна посета на палата Долма Бахче со водич ( 25 евра )
  • – Факултатувна посета на Sapphire Seyir Terasi со 4д симулација за Истанбул (15 еур)
  • – влезници за други културно историски споменици
  • Напомена: Краен рок на пријавување до 20.04.21.                                                     
  • За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници.                         
  • За овај аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија, Сулејмание Џамија
  • Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
  • туристички пратител за време на престојот
  • организација за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 300 денари по лице
  • Факултативните излети:
  • Топкапи палатата со лиценциран водич – 20 евра
  • Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија – 20 евра
  • Ноќен Истанбул со посета на Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција) – 20 евра
  • Туркуазу Аквариум (влезница) –15 евра

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

SILVER – 40 евра

  • Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
    –Ускудар (Моминска кула)
    – одмор во населбата Кадикој во Азија
  • Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
  • Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
  • Посета на трговски центар Форум Истанбул

GOLD – 55 евра

Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:

  • – Ускудар (Моминска кула)
    – одмор во населбата Кадикој во Азија
  • Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
  • Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
  • Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
  • Посета на трговски центар Форум Истанбул

PREMIUM – 100 евра

  • Топкапи палатата со влезница и водич
  • Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
  • – Ускудар (Моминска кула)
    – одмор во населбата Кадикој во Азија
  • Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
  • Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим(вклучена влезница за 4Д проекција)
  • Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
  • Влезница во аквариумот Туркуазу
  • Посета на трговски центар Форум Истанбул

ИНФОРМАЦИИ:

  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 60 евра
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

·Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

·ВАЖНА НАПОМЕНА:

  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување не е потребно PCR тест. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • ·Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • ·Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • ·Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • ·Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • ·Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • ·Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • ·Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.

·ВАЖНО:

  • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
  • ·Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • ·Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • ·Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • ·Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • ·Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • ·Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • ·За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • ·Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • ·Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • ·Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ·Aгенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]