НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбани градови во областа Халкидики.

Куќа “Blue and White” е сигурно една од најквалитетните и најдобро уредените и опремените куќи во Неа ФлогитаОценка на букинг има од 9.3 и е лоцирана во помирниот дел на Неа Флогита, на само 150 метри од плажа и 100 метри од центарот. Располагаме со 4 високо квалитетни четирикреветни дуплекс апартмани на прв кат. Секој апартман располага со комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени модерни тоалети, Wi-Fi и клима уред вклучени во цената, пешкири, големи тераси и одличен мебел. Паркингот е обезбеден пред куќата. Во близина на куќата има пазар на 50 метри, пекара на 200 метри додека најблискиот голем супермаркет е оддалечен на 150 метри. 

1/4 дуплекс апартман бр. А1 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, модерен тоалет, сопствена тераса со поглед на улица, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде креветче за бебе.

1/4+1 дуплекс апартман бр. А2– прв кат. Располага со 2 спални соби со посебни оделени влезови во истите, а внатре поврзани со комплетно опремена заедничка кујна и модерен тоалет, сопствена огромна тераса со поглед на море, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде дополнително легло како и креветче за бебе.

1/4 дуплекс апартман бр.B1– први кат. Располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, модерен тоалет, сопственa тераса со поглед кон прекрасно уредениот двор, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во другата соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде креветче за бебе.

1/4+1 дуплекс апартман бр.B2– прв кат. Располага со 2 спални соби со посебни оделени влезови во истите, а внатре поврзани со комплетно опремена заедничка кујна и модерен тоалет, сопствена огромна тераса со поглед кон прекрасно уредениот двор, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба имафранцуски кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде дополнително легло како и креветче за бебе. 

40.25894, 23.21992

Попуст – 22 % за 50 % уплата заклучно со 02.12.2023 (Сабота) и целосна доплата заклучно со 09.03.2024 (Сабота)

1. Вонсезонски  цени

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице (задолжително плаќаат 4 лица дуплекс)

 Термин Ноќевања1/4 дуплекс апартман бр. А1 и B1 
(задолжително плаќаат 4 лица)
1/4 дуплекс апартман бр. B2 
(задолжително плаќаат 4 лица)
1/4 дуплекс апартман бр. А2
 (задолжително плаќаат 4 лица) 
 19/05-26/057798989
26/05-02/067899999
02/06-09/06799109109
09/06-16/067119129139
16/06-23/067129139149
23/06-30/067149159169

2. Сезонски  цени

Цените во табелата се однесуваат за наем на дуплекс апартман за 7 ноќевања без превоз

ТерминНоќевања 1/4 дуплекс апартман бр. А1 и B1  1/4 дуплекс апартман бр. B2  1/4 дуплекс апартман бр. А2 
30/06-07/077649679729
07/07-14/077689729769
14/07-21/077749779829
21/07-28/077749779829
28/07-04/087749779829
04/08-11/087749779829
11/08-18/087749779829
18/08-25/087749779829
25/08-01/097699739779

3. Вонсезонски  цени

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања с овклучен превоз по лице (задолжително плаќаат 4 лица дуплекс)

ТерминНоќевања1/4 дуплекс апартман бр. А1 и B1 
(задолжително плаќаат 4 лица)
1/4 дуплекс апартман бр. B2 
(задолжително плаќаат 4 лица)
1/4 дуплекс апартман бр. А2
 (задолжително плаќаат 4 лица) 
01/09-08/097139149159
08/09-15/097119129139
15/09-22/0978999109
22/09-29/097798989

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ :

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА ДУПЛЕКС АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • За возрасни 3.100 мкд. (50евра), еден правец 2.480мкд. (40евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ
  • Во вонсезонските цени во дуплекс апартман плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
  • Во дуплекс апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можeда се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио / апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. T.A НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција и поради кои НЕ можe да се откаже  аранжманот или да се промени термин на резервацијата.