Петровац е погодно лоциран во средината на црногорскиот брег и во близина на сите важни дестинации, што го прави едно од најпопуларните летувалишта. Градот Будва, метропола на туризмот во Црна Гора, е оддалечен само 17 км, додека марината во градот Бар е на 20 км од Петровац. Меѓународните аеродроми во Тиват и главниот град на Подгорица се на помалку од 45 минути возење од хотелот.
Хотелот „Виле Олива“ е оддалечен само 80 метри од плажата во прекрасниот стар град Петровац, кој се наоѓа во ривиерата Будва на Јадранското море, Црна Гора. Опкружен со раскошна медитеранска вегетација, меѓу 140-те свети маслинови дрвја, од кои некои се стари 400 години, хотелски комплекс од 3-катна главна зграда и 11 вили им нуди мир и уживање на своите гости.
Хотелот има 266 соби од кои 98 стандардни соби, 138 супериорни соби, 23 дуплекс апартмани и 6 супериорни апартмани. Со вкупен капацитет од 700 легла, тој е најголемиот туристички комплекс во Петровац и едно од најголемите летувалишта на целото црногорско приморје.
Хотелските капацитети вклучуваат модерен СПА центар со голем затворен базен и џакузи, сауни и простории за масажа, 4 отворени базени – 3 за возрасни и 1 за деца, четири барови, конференциска сала, клуб за деца, игралиште за деца, двоспратен паркинг гаража, мини маркет.
Во рамките на хотелот, има ресторан со 300 внатрешни седишта, како и 250 места на терасата со поглед на море.
ЦЕНИ ЗА ЛЕТО 2021 СО ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ПО ЛИЦЕ И ОД ДЕН НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН, БЕЗ ВКЛУЧЕНА ТУРИСТИЧКА ТАКСА
Во цената се вклучени бесплатни лежалки и чадори покрај базенот, како и бесплатно користење на спа центарот, освен масажа!
НАПОМЕНИ:
- – За сместување во апартман потребно е најмалку 3 возрасни или 2 возрасни со 2 деца
- – За трет кревет во 1/2 и 1/4 се одобрува 20% попуст за возрасно лице
- – За четврт кревет во 1/4 Апартман се одобрува 30% попуст за возраснo лице
- – За деца 0-2 години е бесплатна услугата
- – Доколку во 1/2 соба четвртото лице е дете и користи заеднички кревет со родителите во тој случај детето има гратис услуга
- – Дете во 1/4 или 1/2 од 2-12 години има 50% попуст, доколку е со 2 возрасни
- – Доколку во 1/2 соба има 1 возрасен со едно дете , во тој случај детето има 20% попуст
- – Доколку во 1/2 соба има 1 возрасен и 2 деца од 2-12 години, двете деца добиваат 30% попуст
ДОПЛАТИ:
- – Поглед на море е можен во супериор соба и супериор апартман, со доплата 4€ по лице по ден
- – Доплата за еднокреветна соба 60% од цената
- – Доплата за детски кревет е 7€ по ден
- – Доплата за All Inclusive изнесува 8€ по лице од ден. Деца од 2-12 години имаат 50% попуст.
*Услугата All Inclusive содржи:
- Појадок, ручек, попладневна ужина и вечера на база Шведска маса.
- Пијалоци (виски, водка, лозова ракија, џин, амаро, текила, вино: црвено, бело и розе, пиво, чај, вода, сокови: кока кола, фанта, спрајт, тоник, сок од јаболко, сок од портокал), еспресо и сладолед во неограничена количина во ресторан, лоби бар, roof бар и покрај базен ( од 10:00 до 23:00 часот во ресторан, roof бар и лоби бар/ од 10:00 до 18:00 часот покрај базен)
Во цената е вклучено:
- – Ноќевање со појадок и вечера
- – Бесплатни лежалки и чадори за сонце на хотелскиот базен
- – Бесплатно користење на СПА Центар (освен масажи)
Во цената не е вклучено:
- – Туристичка такса
- – Патничко осигурување
- – Превоз
ОПШТИ УСЛОВИ:
- – За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
- – Цените се дадени за наем на соба во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)
- – Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка и онлајн уплата на нашата веб страна
- – Задолжително патничко осигурување – може да се купи во агенцијата
- – Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
- – Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот
- – За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
- – Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- – Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ