Сместен на брегот на Охридското Езеро, хотелот Тино Свети Стефан нуди бесплатен wi-fi, бесплатна климатизација, 24 часновна рецепција, велнес центар и ресторан, бесплатен паркинг за гостите (со претходна резервација), конференциска сала.

Хотелот располага и со внатрешен базен, надворешен базен и излез на брегот на Охридското Езеро. Вкусен појадок се служи секое утро во хотелот, а за вечера може да се ужива во ресторанот во куќата. Исто така, достапна е и услуга во собата.

Велнес областа на хотелот се состои од затворен и отворен базен, сауна, амам и фитнес центар. Масажата се доплаќа и истата е на барање. Во самиот хотел има и посебна просторија за оставање на багажот.

Античкиот театар на Охрид се наога на 4км од хотелот, а аеродромот се наоѓа на 12км.

Сместување:

Хотелското сместување располага со двокреветни соби со балкон, амапртман со балкон и поглед кон море, трокреветна соба со поглед кон море, двокреветна соба со поглед кон море, економи двокреветна соба. Секоја соба е удобно опремена со балкон, ТВ со рамен екран и мини бар, сопствен тоалет.

ЦЕНИ ЗА НОЕМВРИ / ДЕКЕМВРИ ВО РАБОТНИ ДЕНОВИ 

  • ➡ 2 ноќевања – 60 eur (со појадок и вечера по лице)
  • ➡ 3 ноќевања – 90 eur (со појадок и вечера по лице)

ЦЕНИ ЗА НОЕМВРИ / ДЕКЕМВРИ ВО ВИКЕНД

  • ➡ 2 ноќевања – 70 eur (со појадок и вечера по лице)

Дополнителни информации:

  • Цените се со вклучен појадок и вечера
  • За фамилијарни апартмани важи Minimum 3 full paying + доплата
    за 4то лице во зависност од возраст
  • Доплата за соба со поглед кон езеро е 5 евра од ноќ
  • Деца под 12 години во двокреветна соба се гратис (без дополнително
    легло, со вклучен појадок и вечера)
  • Трето лице во стандардна трокреветна соба има 25% попуст од
    цената по лице
  • Услуги вклучени во цените: појадок и вечера, користење на внатрешен базен, детски базен, надворешен базен (лежалки, чадори), спа центар со џакузи, сауна и парна бања, детско игралиште, Wi-Fi
  • Можност доплата за масажи, третмани и солариум.
  • Цените се со вклучен ДДВ.
  • Во цената не е вклучена туристичка такса – 40 денари по лице од ноќ