Hotel Star Paradise е еден од најпознатите објекти во Неос Мармарас, се наоѓа на 100 метри од најпознатата Paradisos плажа и на 1500 метри од центарот. За сезоната 2018 изграден е и нов дел од зградата како и базен. Околу базенот обезбедени се лежалки и чадори кои се бесплатни за гостите на објектот. Во склоп на дворот има тушеви и скара која им е на располагање на гостите. На 20 метри од хотелот има паркинг, а во склопот на објектот има простор за оставање на багажот за последниот дел од одморот. Во понудата има четиринаесет двокреветни,трокреветни и четирикреветни студија кои се наоѓаат на приземје, прв и втор спрат. Опремени се со купатила, мини чајна кујна ( фрижидер, мини електричен шпорет, садови без тави) наменета за подготовка на лесни оброци, TV, WiFi (со слаб квалитет), клима вклучена во цената, тераси со гарнитури за седење. Во сите сместувачки капацитети има крпи и фен за коса. Постелнината и крпите се менуваат на 5 дена, а чистењето е секојдневно. За оние кои сакаат својот одмор да го поминат во мир, тогаш хотелот Star Paradise е вистинскиот избор.

5% попуст за целосна уплата до 30 April 2022

Цените се изразени во евра за престој од 11 дена / 10 ноќевања
Уплата се врши задолжително во денари по курс 1 евро = 62 денари
Задолжителна доплата од 0,5 евра по ден (5 евра за цел престој) на лице место во вилите

[contact-form-7 404 "Not Found"]