Хотел Силекс се наоѓа во туристичкиот комплекс Св.Стефан, оддалечен 4км од центарот на Охрид, на регионалниот патен правец Охрид – Св.Наум и 10км од аеродромот Св.Апостол Павле.

Хотел Силекс се простира на самиот брег на Охридското Езеро и се наоѓа помеѓу пространството на бистра сина езерска вода и зеленилото на боровата шума низ која поминува шумска уредена патека која Ве води до манастирот Св.Стефан на надморска висина од 720 м.

Ваквата локација е одлична можност за соединување на планинскиот и езерскиот туризам.

Хотелот располага со двокреветни соби, апартмани и претседателски апартман и истиот располага со базен, сауна, фитнес сала и спа услуги

ЦЕНИ ЗА СЕПТЕМВРИ (01.09 – 30.09.21)

ПРОМО ЦЕНИ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ

  • ➡ 2 ноќевања – 50 еур (со појадок и вечера по лице)
  • ➡ 3 ноќевања – 75 еур (со појадок и вечера по лице)
  • ➡ 5 ноќевања – 125 еур (со појадок и вечера по лице)

Напомени:

  • Собите се достапни по добиено барање
  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови – бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%
  • Доплата за еднокреветна соба + 40%;
  • Деца до 5,99 год бесплатно сметување со појадок (користи заедничко легло со родители);
  • Деца 6 – 11,99 год плаќаат – 50 % од цената (користат дополнително легло);
  • Доколку во соба има две деца со 5,99 години, едното е гратис и користи исто легло со родители а другото плаќа 50% од цената и користи дополнително легло.
  • Трето возрасно лице над 11,99 плаќа полна цена 
  • Доплата за вечера/ручек за дете до 5,99 години изнесува 3 евра.
  • Доплата за соба со поглед езеро/базен +5 евра(се доплаќа на рецепција) 
  •  УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ: Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 денари. 
    ОПШТИ УСЛОВИ
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]