Хотелот „Попова Кула“ Ви нуди незаборавно искуство со своите 33 соби, секоја именувана според сортите вина кои се произведуваат во Попова Кула и декорирана во склад со боите и нијансите на виното. Сите се опремени со: телефон и интернет, клима уред и сателитска телевизија. Поголемиот дел од нив имаат и балкон со восхитувачки поглед на прекрасната околина – вистински предизвик за љубителите на природата.

Веднаш до рецепцијата во хотелот се наоѓа и нашата продавница за вино и сувенири, во којашто можете да ги купите нашите вина и други различни подароци по намалена цена.

Политика за деца:

  • Деца до 12 години е бесплатно
  • Деца 12 до 18 години се доплаќа 600 мкд од ден.
  • За трето лице над 18 години се доплаќа 1200 мкд од ден