Лутраки е мало туристичко место со околу 2000 жители и се наоѓа на само 130 км од граничниот премин Богородица/Меџитлија. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Од 1992 год. туризмот значително се развива и денес има голем број хотели и апартмани кои ги задоволуваат потребите на гостите. Освен тоа, местото изобилува со ресторани, продавници и кафетерии.

Овде посетителот може да ги комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан).Областа е планинска. Течењето на топлите и ладни води заедно со богатството флора му дава на овој регион уникатна убавина уште од далечната 1920 год кога за прв пат е прогласен за “природна бања“. Температурата на водата е од 37 – 38 Целзиусови степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.

Цените се изразени по соба на ден, на база Ноќевање со континетален појадок.

Соби со камин и џакузи од 20/10 до 30/4 доплата на ден за соба 15 €

Понудата не важи за верски и национални празници.

Цените се изразени за минимум 2 ноќевања.

[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]