Милениум Палас е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот од прекрасното Охридско Езеро. Со самото тоа што е сместен во Охрид, европскиот Ерусалим, ги комбинира предностите на еден модерен град и на место со богато историско минато и културни вредности. Нуди незаборавен поглед на езерото, стариот град и древната Самоилова тврдина. Од стариот дел на градот Ве дели само кратка, пријатна прошетка покрај езерото.
Ќе бидете воодушевени од неверојатниот спој на природните и културно-историски богатства: антички споменици, цркви, музеи, сето тоа надополнето со прекрасен поглед кон езерото, посебно на зајдисонце.
Хотелот располага со капацитет од вкупно 69 соби од кои: 45 стандардни соби, 10 дуплекси, 6 делукс соби и 8 Јуниор aпартмани.
Секоја соба е опремена со: клима уред, мини бар, безжичен интернет, дирекна телефонска линија, кабелска телевизија, купатило со туш кабина или када.
Цените се изразени по соба ( за 2 лица) за 3 или 4 ноќевања на база ноќевање со појадок во Двокреветни соби
Цените се изразени во еур, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8мкд.

Доплати:
2 Деца до 6,99 год. Бесплатно
Дете од 7 до 11,99 год. 5 Евра на ден на база ноќевање со појадок
3 Возрасен – 10 Евра на ден на база ноќевање со појадок
Појадок: Шведска маса
Дополнителен оброк (ручек или вечера Пансионско мени) 5еур по лице без вклучен пијалок
Цените се со вклучен надворешен паркинг со видео надзор, бежичен интернет во лоби, ресторан, и соба, финска сауна, турска сауна, турска парна бања, теретана и туристичка такса.
Check IN: 14:00 часот
Check Out: 10:00 часот
Политика на отказ на резервација:
8 – free; 3-7 дена пред пристигање 50% од ноќевање; 3-1 – 100%