ЦЕНИ НА БАРАЊЕ

ИНФОРМАЦИИ ЗА ХОТЕЛ

MARIA-ANTOANETA RESIDENCE 

Положба 
Хотелот е лоциран покрај реката Глазне, на околу 300м од главната гондола и околу 800м од центарот на Банско.

Сместување
Хотелскиот комплекс е изграден во 2011 год. и се состои од 5 згради кои се меѓусебно поврзани.

✔ Двокреветни стандардни соби (30) (2 стандард.кревети, 20м², макс. 2 лица)-сите соби се опремени со сопствено греење, електричен бокал, ТВ со рамен екран, телефон, интернет конекција, тепих или плочки на под, купатило со туш кабина, фен. Некои соби имаат и балкон. 
✔ Студио (20) (2 стандард. + 1 дополн.кревет, макс.3 лица, 40м²)-сите соби се опремени со сопствено греење, кујан (прибор за јадење, електричен бокал,тостер, шпоред со две рингли, аспиратор, фрижидер), ТВ со рамен екран, телефон, интернет конекција, тепих или плочки на подот, купатило со туш кабина, фен. Некои студио имаат и балкон. 
✔ Јуниор Суит (20) (2 стандард. + 1 дополн.кревет, макс.3 лица, 40м²)-сите соби се опремени со сопствено греење, електричен бокал, ТВ со рамен екран, интернет конекција, тепих или плочки на под, купатило со туш кабина, фен. Некои од суитите имаат балкон. 
✔ Апартман со 1 спална 30 (2 стандард. + 2 дополн.кревети, макс.4 лица, 60м²)-една спална со 2 стандард. кревети и дневна со софа на извлекување. Опремени се со сопствено греење, кујна (прибор за јадење, електричен бокал, тостер, шпорет со 2 рингли, аспиратор, фрижидер), ТВ со рамен екран, телефон, интернет конекција, тепих или плочки на под, купатило со туш или када, балкон. 
✔ Суит со 1 спална (2 стандард. + 2 дополн.кревети, макс.4 лица)-опремени се исто како и апартманот со 1 спална (освен кујна). 
✔ Фамилијарен апартман (4 стандард. + 2 дополн.кревети, макс.6 лица)-две спални и дневна со софа на извлекување, кујна, ТВ со рамен екран, телефон, интернет конекција, балкон, купатило со туш или када, фен. 

Некои суити и апартмани имаат и камин (на барање). 

Услуга 
✔ Ноќевање со појадок
✔ Полупансион (појадок и вечера)
✔ Се Вклучено



Содржини 
Рецепција, сеф на рецепција (се доплаќа), менувачница, услуга во соба, Wi-Fi во лоби бар (бесплатен), ски гардероба, лоби бар, главен ресторант, A’la Carte ресторан, доктор (на повик). Бесплатно користење на базен, сауна, соба со пареа, ски гардероба, креветче за бебе (на барање), превоз до главната гондола, отворен паркинг со ограничен број на паркинг места. Масажа, Спа третмани дополнително се наплатуваат. Домашни миленичиња е дозволено само со претходна потврда од хотелот и со доплата.



www.maria-antoaneta.com