Хотел Манастир се наоѓа на излезот од Берово, на 5 км одалеченост од езерото. Хотелот располага со 30 соби, СПА содржини, две летни тераси, терен за тенис, терен за одбојка, фитнес сала, две комплетно опремени сали за состаноци, детско игралиште и секако надгледуван паркинг простор. Планинското опкружување, езерото, маркираните велосипедски и пешачки патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки, за љубителите на планинарењето и mount-biking, како и за оние кои бараат авантури и предизвици.

ЦЕНОВНИК ПО СОБА ОД НОЌ

ЦЕНОВНИК ЗА СПА УСЛУГИ ВО ХОТЕЛОТ

Цената вклучува:

  • 1 ноќевање со појадок по лице
  • Едно дете до 05.99 години – Бесплатно;
  • Користење на клима уред;
  • Користење на сауна и џакузи во времетраење од 30 минури
  • Интернет;
  • Паркинг

Доплати:

  • Прво дете до 05.99 не се наплаќа во соба со двајца возрасни
  • Второ дете до 05.99 плаќа 50% од сумата на еден возрасен
  • Дете од 5.99 до 11.99 плаќаат 50% од сумата на еден возрасен
  • Пијалоци за време на оброците
  • Туристичка Такса од 40 ден. по ноќевање по лице

Мени:

  • Менито за оброците вклучува специјалитети приготвени според локални рецепти од домашни продукти, произведени во еколошкиот Малешевски крај.
  • За појадок се послужува стандард шведска маса, надополнета со месени, млечни и други локални специјалитети: баница, пишии, јуфка, урда, ајвар, пинџур, овчо сирење со пиперки, слатко од диви шумски плодови, печена тиква, домашен бел и р’жан леб……
  • Менито за ручек или вечера се состои од:
  • Избор од разни видови супи за ручек
  • Салатите се спремаат на повеќе начини користејќи локални градинарски продукти и шумски плодови , збогатени со млечни производи од малешевското поднебје.
  • Главното јадење може да биде избор од Малешевска тава (со свинско,телешко или пилешко месо), клиси на тава, клиси со праз, свинска плешка, ребро или врат приготвени под вршник, полнети беровски компири, полнети тиквици, качамак со ребра, и други стандардни оброци припремени на повеќе начини од телешко и пилешко месо. Од артикли за скара на жар покрај стандардното месо, може да се избере – Дедо Иљова и Малешевска плескавица како и колбас јатаган…
  • Прилозите за главното јадење се најчесто од градините и нивите на локалните производители.
  • Десертот е избор од бабина торта со слатко од шумски плодови, слатко од Беровска слива, палачинка ала манастир, сутлијач со јаболка, тиквеник, кох, пита од сливи, пита од јаболка и други локални колачи.

Факултативи:

  • ручек на бачило
  • посета и ручек на рибник
  • јавање на коњи
  • посета на пехчевски водопади
  • прошетка/планинарење по малешевските планини
  • посета на локалните цркви, манастирот св.архангел михаил и градскиот музеј
  • караоке забава
  • припрема на оброк од самата група на ресторанската тераса со фурна
  • фолкорен и/или плех музика перформанс