„Конак“ – Попова Шапка е модерен планински објект базиран на традиционален изглед. Сместен е на Шар планината во скијачкиот центар Попова Шапка на 1760 мнв. Поволната географска положба релативно блиску до Тетово на 18 км и Скопје 55 км главниот град на Република Македонија го прави да го посетат голем број туристи и во летната и во зимската скијачка сезона. Особено задоволство ќе Ви овозможи ентериерот на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен поглед на скијачките терени. На платото пред објектот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број сончеви денови кои се главна одлика на скијачкиот центар Попова Шапка.

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ ОД НОЌ

  • Ноќевање со појадок – 1350 денари за Јануари 2022
  • Ноќевање со појадок – 1250 денари за Февруари 2022

Дадените цени се по лице за ноќевањe и вклучуваат :

  • Појадок
  • Користење на сауна
  • Интернет
  • Паркинг

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)