- NOMAD - https://nomadtravel.mk -

Hotel Izvor 5* – Аранѓеловац

Доколу ви е потребна пауза од стресот во секојдневниот живот, мир и тишина ,релаксација во минерални води,спа третмани ,масажи,фитнес ,аква паркови сето тоа можете да го најдете во Извор.

Извор е луксузен хотел распространет на површина од 32 000 м2, во Арангеловац – Буковичка Бања, на 75км од Белград.

Овој престижен хотел плени со својата архитектура и модерен ентериер со највисок квалитет на услуги и содржини со посебен акцент на велнес центарот кој располага со 10 базени,со природна , лековита , минерална вода прочистена со најнова технологија.

Исто така ќе уживате во различните светски кујни ,како и домашни специјалитети кои за вас ги припремаат најдобрите меѓународни и домашни готвачи

Хотелот има капацитет од 500 гости ,сместени во еднокреветни и двокреветни соби,супериор соби,апартмани и супериор апартмани.Во склоп на хотелот има 4 соби опремени за лица со посебни потреби.

SPA & Wellness центарот на хотелот “Извор” ги содржи следните објекти:

-Голем централен затворен базен (30°C) ,Отворен базен со бар во вода, отворен и затворен базен за деца,турска бања,парна бања,био сауна ,финска сауна ,соби за масажа итн

За гостите на хотелот користење на спа и велнес центар е бесплатно,како и користењето на аква паркот кој претставува детска атракција.

ЦЕНИ НА БАРАЊЕ

– Цените се изразени во евра на база на полупаснион

– Доплата за трет возрасен 70 евра на ден

– Прво дете до 6 години бесплатно, без разлика дали престојува со еден или со двајца родители

– Секое друго дете до 6 години плаќаат 25% од цената за трет возрасен

– Секое друго дете од 6 до 12 години плаќа 50% од сумата за трет возрасен.

– Деца над 12 години плаќаат 100% од сумата на аранжманот

*** Цените не се валидни за државни и верски празници

Во цената е вклучено :

-Неограничено користење на аква парк, Спа и Велнес Центар ( внатрешен , надворешен базен со термална вода, џакузи, финска бања, парна бања, био сауна, фитнес центар.

-Wi-Fi Интернет
-Паркинг

Во цената не е вклучено:


-Туристичка такса 1 eвро по лице на ден
-Деца до 7 години не плаќаат такса , деца од 7-15 години плаќаат 0,5 евра на ден