КОКИНО НЕРО е туристичко место со богата флора и фауна, како и специфична клима која е резултат на билизаната на планинините и морето. Кокино Неро се наоѓа недалеку од клисурата Темби, во подножјето на планината Оса на околу 140км од Солун и 70км од Паралија. Името Кокино Неро ( црвена вода) го добива по термалните извори каде водата е полна со минерални соли кои на водата и даваат црвенкаст тон, а и лековити својства. Ова е место за оние кои не сакаат многу гужва, а преферираат природни сенки и неурбани плажи. Самото шеталиште има неколку таверни/локални ресторани. Во непосредна близина на 2км се наоѓаат и две убави плажи, Platia Ammos и Кoutsoupia.
ХОТЕЛ ХЛИДИ – КОКИНО НЕРО
Хотелот се наоѓа на сама плажа. располага со ½, 1/3 и ¼ соби. Секоја соба е со сопствено купатило, клима (вклучена во цена), тв, фрижидер, тераса. Исхраната е на база полу пансион ( појадок и вечера) и е во склоп на објектот. Големиот двор, зеленилото, мирното тиркизно море кое е на само неколку чекори од хотелот се гаранција за вистински одмор.
– 15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 01.02.2022
СМЕНА | ПЕРИОД | 7 ноќевања HB (појадок и вечера) |
1 | 28.05-04.06 | 170 |
2 | 04.06-11.06 | 190 |
3 | 11.06-18.06 | 200 |
4 | 18.06-25.06 | 220 |
5 | 25.06-02.07 | 230 |
6 | 02.07-09.07 | 240 |
7 | 09.07-16.07 | 250 |
8 | 16.07-23.07 | 260 |
9 | 23.07-30.07 | 270 |
СМЕНА | ПЕРИОД | 7 ноќевања HB ( појадок и вечера) |
10 | 30.07-06.08 | 270 |
11 | 06.08-13.08 | 270 |
12 | 13.08-20.08 | 260 |
13 | 20.08-27.08 | 250 |
14 | 27.08-03.09 | 230 |
15 | 03.09-10.09 | 210 |
16 | 10.09-17.09 | 190 |
- Цените се изразени во евра и се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ(7 пoлу пансиони со вклучен превоз).
- – Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот
- – Врво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот за сместување во ¼ соба
- – Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 70% за сместување во 1/3 соба
- -Деца над 12 год ПОПУСТ од 20%
- – Дете до 5 год. кое не користи кревет и храна- ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра ), за сместување во ½ соба
- * Намалување за патување со сопствен превоз – 10 евра.
- * Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.
- – Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
- – Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
- – Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- – Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
- *Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
- Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)
- – За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,
- – Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат
- *Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.
- *Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.
НАПОМЕНА
- Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплатa
- Секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
- Сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.
- За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките.
- ТА не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
- При промена на цените ( зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
- За резервација со попуст за рана уплата , 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата, доплата ДО 01.04.2022.
- За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
- Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
- Во случај на отказ на резервација уплатена со ковид ваучер, на патникот ќе му се издаде нов ваучер со намалени отказни пенали.
- Во случај на околности предизвикани од ковид пандемијата како затварање на граници или при позитивен пцр тест на патникот му се издава нов вредносен ваучер.