Кумбургаз е малечко градче, на 60км од Истанбул, кој ќе ве купи со својот шарм и медитерански темперамент. Местото е идеално за одмор и релаксација благодарение на одличните хотели со врна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!
Поради неверојатната близина, Кумбургаз е омилена викенд дестинација на жителите на Истанбул, кои тука го наоѓаат својот мир од огромниот сообраќаен метеж во градот. Тоа е доволна причина која не примами да ви го доближиме ова место токму вам. Секако нема да Ве оставиме без да уживате во градот на султаните и два континента, па затоа ќе одиме и во Истанбул.
Сместување е во хотел GRAND GOLD 3* и е на сама плажа во Кумбургаз, кој има своја приватна плажа и за користење на лежалка не е потребна доплата. Хотелот располага со различен тип на соби од кои можат да се сместат најмалку 2 лица до макс. 5 лица а вкупниот број на соби е 73. Во склоп на хотелот има два ресторани и надворешен базен кој е со солена вода секако бесплатен за користење. Во хотелските соби има мини фрижидер. Хотелот нема спа и фитнес.
Ценовник
Поаѓање | Враќање | Цена | Промо цена |
06.06.2023 | 13.06.2023 | 145 € | |
13.06.2023 | 20.06.2023 | 155 € | |
20.06.2023 | 27.06.2023 | 165 € | |
27.06.2023 | 04.07.2023 | 175€ | |
04.07.2023 | 11.07.2023 | 185€ | |
11.07.2023 | 18.07.2023 | 195 € | |
18.07.2023 | 25.07.2023 | 205 € | |
25.07.2023 | 01.08.2023 | 215 € | |
01.08.2023 | 08.08.2023 | 210 € | |
08.08.2023 | 15.08.2023 | 210 € | |
15.08.2023 | 22.08.2023 | 210 € | |
22.08.2023 | 29.08.2023 | 210 € | |
29.08.2023 | 05.09.2023 | 195 € | |
05.09.2023 | 12.09.2023 | 185 € | |
12.09.2023 | 19.09.2023 | 175 € | |
19.09.2023 | 26.09.2023 | 149 € |
Што е вклучено во цената
- Седум ноќевања во хотел Grand Gold 3* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
- Автобуски превоз
- Бесплатни лежалки
- Користење на базен со солена вода
- Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново),Неготино,Гевгелија, Прилеп, Битола
- Користење Wi-Fi во лоби на хотел
Што не е вклучено во цената
- Туристичка такса од 0.5€ на ден од лице (се плаќа во автобус)
- Патничко осигурување (1 евро од ден)
- Факултативни излети.
Важно
- Хотелот е на барање. За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани.
- Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажена
- За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
- За сингл соба се доплаќа 50% дополнително од аранжманот поради вториот кревет
- Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
- Деца од 3 до 11,99 години придружувани само со еден родител,аранжманот го плаќа 100%
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
- Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија или Грција (дозволен транзит) до Турција
- За влез во Турција потребно е пасошот да е минимум до 6 месеци пред истекување.
- Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново),Гевгелија,Неготино, Прилеп, Битола.
Error: Contact form not found.