Со поглед на живописниот залив Трулос, хотелот Есперос нуди одлични студиа со балкони за одлична рекалсација. На само 500 метри од прекрасна празна песочна плажа „FLUVIA“ опколена со борова шума и заведена од шумовите на брановите на чистото море, Есперос е иделално место за оние коишто бараат мирен одмор. Студиата во хотел Есперос располагаат со мину кујна која има фрижидер, посебно купатило со тоалет, телевизор и клима и балкони коишто имаат поглед кон борова шума, а дел од нив и кон морето. Сите соби располагаат со клима уред и телевизор. Гостите во Есперос може да приготвуваат свои оброци или да нарачат ужина од барот и да уживаат на балконот или во дворот на хотелот. Непосредно пред самиот хотел се наоѓаат и ресторани со традиционална храна и продавници. Хотелот се наоѓа до автобуска станица која може да се крористи за посета на Кукунариес или Банана Бич. А исто така може да се посети и градот Скијатос.
На само 9 минути пеш од хотелот, се наоѓа една од најпознатите плажи „Трулос“ која дефинитивно ќе биде вашиот вистински избор каде би го поминале одморот на Скијатос.
Есперос располага и со паркинг простор за патниците коишто ќе патуваат со сопствен превоз, а кој е бесплатен. Исто така, бесплатен е и безжичниот интернет. Од пристаниште до хотелот е обезбеден транспорт.

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања – 8 дена на Скијатос
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
  • Туристички пратител за време на патувањето и престојот на Скијатос
  • Цените се изразени по лице за 7 ноќевања
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект фирмата
  • За сопствен превоз се одземаат 25 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Скијатос
  • За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Што не е вклучено во цената

  • Дополнителeлни 30€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос-Волос во самиот автобус
  • Патничко осигурување (без франшиза) (ЗАДОЛЖИТЕЛНО, се прави во агенцијата)
  • Факултативни излети
  • Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
  • Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
  • Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата
  • Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице

Важно

  • Попустот од 15% важи до 31.05 исклучиво со целосна уплата/ Доколку плаќате на рати попустот не важи
  • За да резервирате апартман со депозит потребна е уплата од 30% и се рачуна од редовната сума. Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок според општи услови за патување
  • Активните попусти не се комбинират со други попусти
  • За споен термин се добива 10% попуст на двета термини.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 10:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • За резервација на цените пресметани со попуст е потребно целосна уплата
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети по лице за 7 ноќевања
  • Цените се израсени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, апартманот се напушта во 10:00ч по локално време.
  • Апартманот кој се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
  • Хигиената во апартманот за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa и апартмани
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата
  • Грчки стандард за брачен кревет 160-180cm
  •  Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]