Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала” , со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум, Маринеленд… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар на Коста Брава – ЛОРЕТ ДЕ МАР +++ Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона.

ПРОГРАМА:

ден СКОПЈЕ – СЕВЕРНА ИТАЛИЈА – ВЕНЕТО:

Состанок на групата во 13.00ч. на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски.  Поаѓање во 13.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.

ден СЕВЕРНА ИТАЛИЈА-ВЕНЕТО:

Пристигнување околу пладневните часови. Сместување во хотел во регија Венето. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

ден  ВЕНЕЦИЈА – ЛОРЕТ ДЕ МАР:

Појадок. Слободен ден. Препорачуваме факултативна посета на ВЕНЕЦИЈА. Со автобус одиме до пристаништето Пунта Сабиони од каде со брод се упатуваме кон Венеција. Пешачка тура низ Венеција: Мостот на воздишки, плоштадот Сан Марко, Дуждевата Палата, Камбанаријата, Библиотеката, Наполеоновото крило, каналот Гранде, мостот Риалто. Слободно време за индивидуални разгледувања. Во договорено време се враќаме со брод до Пунта Сабиони.  Патувањето продолжува кон Шпанија покрај  Верона, Генова, Вентимиља, Сан Ремо, Ница, Перпињан… со попатни паузи. Ноќно возење.

ден  ЛОРЕТ ДЕ МАР:

Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбран хотел после 14:00ч. Ноќевање.

4 – 11ден  ЛОРЕТ ДЕ МАР:

Престој на база 7 ноќевања со појадок,( или 7 полу /полни пансиони ) во одбран хотел. За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: Барселона, посета на Аквариум во Барселона, посета на Камп Ноу, Коста брава тура, забавниот парк Порт Авентура, музејот на Салвадор Дали со Емпуриа Брава, Фламенко, Витешки борби, Аквариум, Пакет дискотеки и др.

11денЛОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ:

Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден. Препорачуваме факултативно – Барселона Меџик и Шопинг + следење на спектаклот на магичната фонтана – незаборавно! Поаѓање кон Азурен Брег во 23.00 ч. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење. 

12денКАН – НИЦА:

Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови.  Престојот го започнуваме со посета на гламурозниот КАН- прошетка низ стариот град Сике, Авенијата на палмите, луксузните хотели, познатата филмаска палата, канската плажа… Патувањето продолжува кон Ница. Сместување во хотел.  Слободно попладне. Можност за капење на позната плажа на Ница, прошетка низ тесните улички на стариот град, шопинг низ многубројните бутици… Ноќевање.

13ден  НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ:

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет со 9 часовен посета во МОНАКО. Излетот започнува со панорамско разгледување на дел од Ница: пристаништето Лумпија, споменикот на паднатите жители во првата св.војна, стариот град Ница, споменикот на Гарибалди, музејот на современата уметност, конгресниот центар Акрополис. Кратка пауза за фотографирање од видиковецот кој го има најубавиот поглед кон заливот на азурната обала. Попатна посета на најголемата и најпозната парфимерија FRAGONARD. Разгледување на парфимеријата и можност да се купат оригинални француски парфеми по фабрички цени. Пристигнуваме во Монако.

МОНАКО: Прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океаногравскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички. Слободно време за ручек во Монако. Потоа шетаме покрај пристаништето на Монако, пешки се движиме по патеката на Формула 1, ја посетуваме Јапонската ботаничка градина, авенијата на луксузни автомобили. Слободно време за капење на плажата Ларвото. За крај одиме во Монте Карло да го доживеете гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели, нај луксузните автомобили и познатите казина. Слободно време за индивидуални прошетки и посета на казината. Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје. Ноќно возење преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи. 

(за патниците кои не одат на излет, поаѓањето е водоговорено време со водичот од железничката станица во Ница).

14. ДЕН. СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цената во евра според табелата вклучува:

  • Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео
  • 7 НП /ПП / ПА во одбран хотел во Лорет де Мар
  • 1НП во Северна Италија , во хотел со  2*/3*.
  • 1 НП во Ница ( околина) во хотел со 2*/3*
  • Организација и туристички придружник на патувањето

Цената НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување:
  • Задолжителна посета на Кан: 10€ – се плаќа на лице место
  • Туристичка такса за хотел во Северна Италија: 120 ден – се плаќа во агенција
  • Туристичка такса за хотел на Азурен брег : 310 ден – се плаќа во агенција
  • Туристичка такса Лорет Де Мар од 0,5€ – 1,5€ по лице на ден – се плаќа во готово на рецепција во хотел
  • Факултативни излети и индивидуални трошоци
  • Девизен дел: 25€ се плаќа на водичот за трошоци на аранжманот на шпанската локална 

агенција. Деца 2-12 год. 10€.

АКОНТАЦИЈА: 6000 ден. при склучување на договор.

Останатите средства се уплатуваат најдоцна 14 дена пред тргување.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • • Венеција (вклучен превоз и бродска карта),
  • • Монако и Монте Карло,
  • • Барселона – разглед, Барселона – шопинг, магични фонтани, Камп ноу, Аквариум, музеј Дали, Фигерас и Емпуриа брава, фламенко, витешки борби, Порт  Авентура забавен парк, Коста брава тура, пакетвлезници за дискотеки во Лорет де Мар
  • • Влезниците за излетите ( каде ги има и се предвидени со програмата) се плаќаат на лице место и не се вклучени во цената на излетот, освен каде што е наведено.

ВАЖНА НАПОМЕНА:

  • • За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица
  • • Плаќање исклучиво во денарска противвредност 1 евро = 62 денари 
  • • Седењето во автобус е според датумот на пријавувањето. Доколку некој сака избор на одредено седиште или место во автобусот, истото може да се резервира однапред, при склучување на договорот за патување, со доплата од 10 евра по седиште.
  • • Сместувањето во хотелите е после 14:00 часот
  • • Одјавувањето од хотелите е до 10:00 часот
  • • Сите други услови на патување важат според годишната програма на агенцијата

КОВИД ПРОТОКОЛИ:

  • Патувањето ќе се одвива според моменталните Ковид протоколи кои се однесуваат за земјите низ кои се поминува и престојува. Агенцијата навремено ќе ве извести за евентуалните потребни протокол документи за ова патување
  • (вакцина, формулар за влез, ПЦР тест, Антигенски тест и сл).

ЦЕНОВНИК И ИЗБОР НА ХОТЕЛИ

VILLA GARBI 3* Јуни Јули   Август        Сеп. 
ТЕРМИНИ  8226203172431714
во 1/2 собаНП489539609649649629539449449449
 3-то лицеНП449509569605605585505430430430
1-во дете 2-12 г.НП419469515545545529465400400400
2-ро дете 2-12 г.НП360395420425425435395350350350

Доплати ЗА ВИЛА ГАБРИ: 7 ПОЛУПАНСИОНИ: Возрасни 25€ , Деца 15€.    

ALEGRIA FENALS MAR 3*  Јуни Јули Август       Сеп.
ТЕРМИНИ 8226203172431714
во 1/2 собаНП489599665709709609579579529529
 3-то лицеНП425509559589589515499499459459
1-во дете 2-12 г.НП425509559589589515499499459459
2-ро дете 2-12 г.НП425509559589589515499499459459

Доплати: 7 ПОЛУПАНСИОНИ: возрасни 50€, деца 35€ //

7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ: возрасни 110€, деца 80€

     COPACABANA 3* Јуни  Јули Август       Сеп.
 ТЕРМИНИ 8226203172431714
во 1/2 собаНП559559679679685675559559429419
 3-то лицеНП495495595595599595499499389385
1-во дете 2-12 г.НП250250250250250250250250250250
2-ро дете 2-12 г.НП405405465465470465405405340335

 Доплати: 7 ПОЛУПАНСИОНИ: возрасни 50€, 1-во дете: ГРАТИС, 2-ро дете 35€

    GRAND DON JUAN 4* Јуни Јули  Август        Сеп.
  ТЕРМИНИ 8226203172431714
во 1/2 собаНП489519579689689629629499499479
 3-то лицеНП465489545639639589589469469459
1-во дете 2-12 г.НП370389415465465435435365365360
2-ро дете 2-12 г.НП370389415465465435435365365360

Доплати: 7 ПОЛУПАНСИОНИ: возрасни 50€, деца 25€ //

7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ: возрасни 90€, деца 45€

        ALEGRIA
SUN VILLAGE  4*
 Јуни Јули  Август        Сеп. 
ТЕРМИНИ  8226203172431714
во 1/2 собаНП539639689709709569539539519509
 3-то лицеНП455525559569569469455455435429
1-во дете 2-12 г.НП395445470479479405395395385380
2-ро дете 2-12 г.НП395445470479479405395395385380

Доплати: 7 ПОЛУПАНСИОНИ: возрасни 55€, деца 25€ //

7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ: возрасни 110€, деца 50

   MARIA DEL MAR 4* Јуни Јули   Август       Сеп.
 ТЕРМИНИ 8226203172431714
во 1/2 собаНП539639689709709569539539519509
 3-то лицеНП455525559569569469455455435429
1 дете 2-12 г.НП395445470479479405395395385380

Доплати: 7 ПОЛУПАНСИОНИ: возрасни 25€1 дете ГРАТИС //

7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ: возрасни 45€1 дете ГРАТИС

FENALS GARDEN 4* Јуни  Јули Август        Сеп. 
        ТЕРМИНИ  8226203172431714
во 1/2 собаНП509629649679749735619549529489
 3-то лицеНП425515529549610589505449440409
1-во дете 2-12 г.НП419495509525585565489435429399
2-ро дете 2-12 г.НП419439449525509490435395389360

Доплати: 7 ПОЛУПАНСИОНИ: возрасни 40, деца 25€ //

7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ: возрасни 80, деца 45€

   PLAZA PARIS 4* Јуни Јули  Август        Сеп. 
 термини 8226203172431714
во 1/2 собаНП549649709719719579549549529519
 3-то лицеНП459530569579579479459459445439
1-во дете 2-12 г.НП399450479485485415399399389380
2-ро дете 2-12 г.НП399450479485485415399399389380

Доплати: 7 ПОЛУПАНСИОНИ: возрасни 50€,  деca25€ //

7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ: возрасни 125€, деца 60€

    METROPOL 4* sup Јуни Јули Август        Сеп
 термини 8226203172431714
во 1/2 собаНП579629729729829729629629629560
 3-то лицеНП489539609609689609539539539479
1-во дете 2-12 г.НП405439489489549489439439439405
2-ро дете 2-12 г.НП405439489489549489439439439405

Доплати: 7 ПОЛУПАНСИОНИ: возрасни 55€,  деca25€

  LA CAROLINA 4* Јуни Јули  Август        Сеп. 
 термини 8226203172431714
во 1/2 собаНП479579629739739619499499460449
 3-то лицеНП449549590685685585475475435425
1-во дете 2-13 г.НП250250250250250250250250250250
2-ро дете 2-13 г.НП359415440495495435375375350345

Доплати: 7 ПОЛУПАНСИОНИ: возрасни 45€,  1-во дете ГРАТИС2-ро дете 25€

[contact-form-7 404 "Not Found"]