Сместен во Валона, во областа  Радима, на само 100 метри од сопствена одлично уредена плажа хотелот Дента располага со ресторан, бесплатен сопствен паркинг, бар и градина. Одликувајќи се со семејни соби, и сите погодности за пријатен фамилијарен престој  хотелот им обезбедува на гостите и детско игралиште и мал бар во дворот за гостите . Собите во хотелот се опремени со ТВ  со сателитски канали. Сите единици во хотелот Дента вклучуваат климатизација и биро. Доручек се служи на шведска маса.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ  за Албанија: 

  • Скопје (Дрводекор) / Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -Трансфер до Битола
  • Цени за Валона-Саранда-Ксамил  50 € возрасен
  • Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА :

  • 23:00 h Скопје (Дрводекор) – Трансфер (претходен ден)
  • 23:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – Трансфер
  • 23:00h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер
  • 00:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) – Трансфер
  • 01:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер
  • 02:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
  • 02.30h Ресен (спроти автобуска станица)–Трансфер
  • 03:00h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер
  • 03.15h Струга (Хотел Дрим) –Трансфер
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.

ВАЖНО : При обавување на автобускиот превоз ќе бидат запазени сите Ковид мерки за дезифенција, носење маски, како и исполнетост на возилото. Патувањето за Албанија КСАМИЛ се реализира преку граничен премин КАФАСАН-Струга со што може да се патува со ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ

ЗА АЛБАНИЈА НЕ Е ПОТРЕБЕН КОРОНА ТЕСТ.

[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]