Хотелот Азалена 3*  е одличен избор за патниците кои ја обожаваат прекрасната плажа на Луца-Врахос.

Хотелот со својата местоположба доминира над малото туристичко место, нудејки незаборавен поглед на прекрасното Јонско море кој вашиот престој ќе го направи посебен. Хотелот се наоѓа на 100 метри од море, но заради конфигурацијата на теренот пристапот до хотелот е по пат со нагорнина, или соодветно поставените скали. Собите се пространи и удобни,  со големи тераси со поглед на море, опремени со тоалет, ТВ, фрижидер и бесплатен интернет. Во хотелот се служи појадок (ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНА) како и можност да нарачате неколку типови на јадења за време на вашиот престој. Посебна вредност на овај хотел му дава прекраснот базен на располагање со фантастичен поглед и местоположба,  која ќе ви пружи идеални релаксирачки моменти.

Погодност која ни ја нудат во хотелот е доколку имате потреба да спремите нешто во кујна за вас и вашите деца (хотелските соби не располагаат со кујна),  домаќините со радост ќе го направат тоа за вас, како и можност да се претплатите на вечера во таверна Сиарбас во непосредна близина на самата плажа. Хотелот располага и со соодветен паркинг за клиентите кои доаѓаат со кола,  додека пак за патниците со автобус е организиран трансфер на нивниот багаж.

[contact-form-7 404 "Not Found"]