БАНСКО-БУГАРИЈА
HOTEL „AMIRA“ 5*****
Хотелот „Amira“ е луксузен бутик хотел со 5*****, расположен во подножјето на Пирин планина во Банско кој се наоѓа во непосредна близина на жичарницата. Хотелот располага со петнаесет едноспални апартмани од кои два се ВИП, единаесет студија и пет двокреветни соби. Постои можност просториите да се комбинираат на различни начини : студио со двокреветна соба, едноспален апартман со двокреветна соба и студио со едноспален апартман.
Има три ресторани: класичен ресторан со деведесет места во кој се нуди висок комфор, богата листа на вина и уникатна комбинација на најдобрите спацијалитети од локалната и глобалната кујна. Потоа тераса кон ресторанот со дваесет и четири места, лоби бар до дваесет и осум места и пријатен камин и ВИП салон со дваесет места наменет за релаксација.
Модерниот спа центар располага со две кабини за масажа, спа терапии и козметички процедури, релакс соба, финска сауна, панорамна инфрацрвена сауна со хималајска сол, парна бања, џакузи, внатрешен базен со зона за хидромасажа и детски внатрешен базен. За своите најмали гости хотелот има организирано детско катче за слободна игра и зона за креативни работилници.
Хотелот „Amira“ работи преку целата година. Нуди беспрекорна услуга карактеристично за комплексите од највисока класа, како и поединечно внимание кон секој свој гостин.
Хотелот располага со мултифункционална сала опремена со се што е потребно за бизнис – состаноци, корпоративни семинари, презентации, изложби, коктели, обуки и други. Салата располага со централна климатизација, плазма екран 50 инчи, телефон и безжичен интернет.
За организирање на корпоративни настани и конференции хотел „Amira“ нуди конференциска сала со капацитет до четириесет места.
Независно од поводот, секој празник е одлична можност да бидете со своите најблиски. Без разлика каква е Вашата идеја за празник – контактирајте не и ние ќе се погрижиме за целата организација.
ЦЕНИ НА БАРАЊЕ
Цената е по лице од ден и вклучува:
– Ноќевањe со појадок или полупансион (појадок и вечера)
-Сместување според избраниот тип на соба
– Користење на внатрешниот базен за возрасни со зона за хидромасажа и оддел за деца
– Финска сауна,парна бања, панорамска инфрацрвена сауна со вградени паноа од хималајска сол, внатрешно џакузи, релакс сала, фитнес сала, детски оддел со игри, мини сеф, интернет, туристичка такса
Цената не вклучува:
-Превоз и патничко осигурување
Услови за деца:
– Деца до 12,99 год на услуга ноќевање со појадок бесплатно (сместување со 2 возрасни на дополнително легло)
– Деца од 6 до 12,99 години на услуга ноќевање со појадок и вечера плаќаат по 9 евра (сместување со 2 возрасни на дополнително легло)
-Трет возрасен (над 13 години) сместен на дополнителено легло во студио или апартман доплаќа 70% од цената на возрасен на редовно легло
Напомена:
– Во студијата можат да се сместат 2+1 лица
(2 лица плаќаат 100%, останатите според возраста)
– Во апартманите со една спална можат да се сместат 2+2 лица
(2 лица плаќаат 100%, останатите според возраста)
Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1€= 62 денари







