Хотел ,,Garni Hotel MB” 3*е удобен хотел сместен во центарот на Будва, на само 350 метри од морето, 50 метри од комплексот “Словенска Плажа” и 700 метри од стариот град Будва.
Категоризиран како хотел со 3 ѕвезди, “Garni hotel MB” им нуди на своите гости идеален одмор, на идеална локација за идеална цена. Локацијата на хотелот која е одлично позиционирана во туристички главниот град на Црна Гора, комбинирана со квалитетот на сместувањето е пријатно и добро место за идеален одмор во сместувачки капацитети со врвен квалитет. Со акцент на срдечност, удобност, хигиена и квалитет, персоналот на хотелот е достапен 24 часа на ден за сите потреби на гостите. Во рамките на хотелот има ресторан и кафе-бар.Нашата агенција располага со следниве типови на соби:
- Двокреветни соби со два одвоени кревети
- Трокреветни соби со еден брачен кревет и еден единечен
- Четирикреветни апартмани со 2 соби во кои има еден брачен кревет во едната соба и 2 единечни кревети во другата соба.
- Петокреветен апартман со 2 соби во кои има еден брачен кревет и еден единечен во едната соба и 2 единечни кревети во другата соба.
Сите соби и апартмани имаат сопствена бања со туш кабина, фен, мини фрижидер,ТВ, бесплатен wi-fi, клима уред (вклучен во цената) и тераса.
Појадокот во хотелот е на база на шведска маса.
Пакет аранжман 7 или 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз
ТЕРМИНИ | Ноќевање со појадок | 1/2 соба цена по лице со превоз | 1/3 соба цена по лице со превоз | 1/4 апартман цена по лице со превоз |
---|---|---|---|---|
06.06-13.06.2022 | 7 | 155 | 140 | 135 |
13.06-20.06.2022 | 7 | 155 | 140 | 135 |
20.06-29.06.2022 | 9 | 185 | 165 | 155 |
29.06-08.07.2022 | 9 | 195 | 175 | 165 |
08.07-17.07.2022 | 9 | 235 | 210 | 190 |
17.07-26.07.2022 | 9 | 265 | 240 | 220 |
26.07-04.08.2022 | 9 | 285 | 260 | 240 |
04.08-13.08.2022 | 9 | 285 | 260 | 240 |
13.08-22.08.2022 | 9 | 265 | 240 | 220 |
22.08-31.08.2021 | 9 | 240 | 215 | 195 |
Дополнителни информации:
УСЛОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ:
- Дете до 2 години гратис, не користи легло.
- Дете до 6 години гратис, не користи легло, плаќа само превоз 25 евра.
- Прво дете до 12 години со двајца возрасни (користи легло) плаќа 70% од цената на аранжманот.
- Второ дете до 12 години ( користи легло) плаќа 50% од цената на аранжманот.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
- Цените во табелите се дадени по лице за 7 или 9 ноќевања со појадок (шведска маса) и вклучен автобуски превоз.
- За патување со сопствен превоз се одбива 20 евра од цената на аранжманот.
- Автобускиот превоз се врши со високо туристички автобуси на фирмата ББ Бус Турс и истите можете да ги погледнете на bbbustours.mk.
- За време на патувањето треба да бидат запазени сите протоколи како: задолжителна дезинфекција при влез во автобус и одржување на дистанца за патници кои не патуваат зедно, задолжително носење на маска која ке ги покрива устата и носот.
- Пополнетоста на патници во автобусот ке биде согласно моменталните протоколи за патување.
- Во текот на целото патување во автобусот ке има и придружник од агенцијата.
- Туристичка такса и хотелско осигурување се плаќа на рецепција во хотелот и чини 1,25 евра по лице на ден. Со плаќањето добивате картон за престој и хотелско осигурување кој е потребно да го зачувате до крајот на вашиот аранжман.
- Цените во табелите се дадени во евра,плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1 евро (62мкд).
- Во цената на аранжманот не е вклучено патничко-здравствено осигурување кое може да го извадите во нашата агенција