12 % ПОПУСТ ЗА УПЛАТА ДО 08 ДЕКЕМВРИ

ВИЛАТА “ДИОГЕНИС ” СЕ НАОЃА ВО НЕА ПОТИДЕА НА САМA  ПЛАЖА (ПРВ РЕД)

НЕА ПОТИДЕА E ПРВОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ НА ПРВИОТ КРАК – КАСАНДРА ВО ОБЛАСТА ХАЛКИДИКИ. ВИЛАТА  ДИОГЕНИС  ИЗЛЕГУВА НА НАЈУБАВИОТ ДЕЛ ОД ПЛАЖАТА ВО НЕА ПОТИДЕА.

НЕА ПОТИДЕА ИМА НАЈШИРОКА ПЛАЖА И НАЈЧИСТО МОРЕ ОБЕЛЕЖАНО СО СИНО ЗНАМЕ ЗА ЧИСТОТАТА НА ВОДАТА. ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА ОДМОР, ПЛИВАЊЕ, ДЕТСКИ ЗАНИМЛИВОСТИ И РЕКРЕАТИВНО-ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ.

СВЕЖАТА НАЈВКУСНА И РАЗНОЛИЧНА МОРСКА ХРАНА СЕ ИДЕАЛНИОТ  ИЗБОР  ЗА РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА НЕ САМО ЗА ТУРИСТИТЕ ТУКУ И ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЖИТЕЛИ. ГОЛЕМ БРОЈ НА ТАВЕРНИ И РЕСТОРАНИ СЕ ЛОЦИРАНИ НА  ШЕТАЛИШТЕТО ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВКУСОТ И ТРАДИЦИЈАТА ПОВИКУВАЈЌИ ВЕ ЗА ПОВТОРНО ДОАЃАЊЕ.

ЦЕНОВНИК

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНOT (03.09 )
ОЗНАЧЕН СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА Е  ПАКЕТ АРАНЖМАН И Е ДАДЕН ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ


ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН  ЗА 7 НОЌИ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО
  • За пакет аранжманот во  СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН  потребни се минимум 2 лица;
  • трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 45€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
  • дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
  • за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

ЗА РАНО РЕЗЕРВИРАЊЕ(EB) СЕ УПЛАТУВА АВАНС 50% ОД ВРЕДНОСТА НА АРАНЖМАНОТ ДОДЕКА ТРАЕ АКЦИЈАТА.ОСТАТОКОТ ОД 50% 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ.

ПОПУСТИТЕ ЗА РАНА УПЛАТА НЕ ВАЖАТ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ (ДАТИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА (*))

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

45 € за возрасни – повратна карта

35 € за возрасни – карта во еден правец

35 € за деца до 12 години – повратна карта;

Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

ОПИС НА СОБИТЕ

Апартман бр.1(прв кат)

1/2+1/2    4 ЛИЦА

Апартманот има една спална соба во која има два поединечни кревети кои можат и да се спојат ,плакар за алишта,клима уред  иизлегува на тераса со поглед во двор.
Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер,решо со две рингли ,аспиратор,во истата просторија има еден дупол кревет.Има комарници и ролетни .Апартманот има стандардно купатило и вц.

1/4  4 ЛИЦА – ПОГЛЕД НА МОРЕ

Студиото располага со еден дупол кревет и два поединечни  кревети, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната , која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 4 столици со директен поглед на море.

  • ПРЕВОЗОТ ЗАСТАНУВА ДО НАЈБЛИСКАТА ЛОКАЦИЈА  ОД СМЕСТУВАЧКИОТ КАПАЦИТЕТ КАДЕ Е ВОЗМОЖНО ДА ЗАСТАНЕ;
  • ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ЕВРА, А УПЛАТАТА Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ (1€=62 ден.);
  • ЗА УПЛАТИ НА ДВА АРАНЖМАНИ 7+7 НОЌЕВАЊА ОДОБРУВАМЕ 10% ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА;
  • КОГА ИМА АКЦИСКИ ПОПУСТ ИЛИ КОГА ЕДНАТА СМЕНА Е СО ЗВЕЗДИЧКА НА ВТОРАТА СМЕНА НЕ СЕ ОДОБРУВА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ;
  • ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНА НА ЦЕНИТЕ(ЗГОЛЕМУВАЊЕ ИЛИ НАМАЛУВАЊЕ) СО ОБЈАВУВАЊЕ НА НОВ ЦЕНОВНИК НЕМА ДА СЕ МЕНУВА ЦЕНАТА НА ВЕЌЕ ДОГОВОРЕНИТЕ УСЛУГИ;
  • ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ  ОД СТРАНА НА ПАТНИКОТ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ;
  • МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ОСИГУРУВАЊЕ ОД РИЗИК – ОТКАЗ НА АРАНЖМАН ВО ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА;
  • ЗА ВАЖЕЧКА РЕЗЕРВАЦИЈА СЕ СМЕТА  САМО СО УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕЛОСНАТА ВРЕДНОСТ НА АРАНЖМАНОТ;
  • ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ДВАЕСЕТ И ЕДЕН ДЕН (21) ПРЕД ПОАЃАЊЕ;
  • ВО СЛУЧАЈ НА ВЕЌЕ УПЛАТЕНИ АРАНЖМАНИ СО ПОПУСТИ И РАНИ ЗАПИШУВАЊА,СРЕДСТВАТА НЕ СЕ ВРАЌААТ ДОКОЛКУ ПАТНИКОТ СЕ ОТКАЖЕ ОД ПАТУВАЊЕТО, ИСКЛУЧОК СЕ ПРАВИ(ПОВРАТОК НА СРЕДСТВА) САМО ДОКОЛКУ  ПАТНИКОТ САМ СИ НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА ВЕКЕ РЕЗЕРВИРАНАТА СОБА ;
  • ВО СЛУЧАЈ НА НАПРАВЕНА ПОГОЛЕМА ШТЕТА ВО СТУДИЈАТА , СОПСТВЕНИКОТ НА ВИЛАТА МОЖЕ ДА НАПЛАТИ НА ЛИЦЕ МЕСТО ЗА НАПРАВЕНАТА ШТЕТА;
  • АГЕНЦИЈАТА НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КВАЛИТЕТОТ И БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТ КОНЕКЦИЈАТА;
  • ТУРИСТИЧКА ТАКСА СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА 0,5 € ОД НОЌ ЗА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ;

СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ:

  • НЕМААТ ПЕШКИРИ  ;
  • ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН
ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
ГрадМесто на тргнувањеВреме
КумановоБензинска пумпа Макпетрол03:15 часот наутро
СкопјеСпортска сала Борис Трајковски04:00 часот наутро
ВелесМотел Македонија04:3часот наутро
ШтипНова Пошта04:0часот наутро
НеготиноБензинска пумпа Макпетрол05:0часот наутро
ГевгелијаБензинска пумпа Окта-Шимов06:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 20 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
ПрилепБензинска пумпа Лукоил04:00 часот наутро
БитолаСпортска сала03:15 часот наутро

GPS координати:

40.195764, 23.333043

40°11’44.8″N 23°19’59.0″E

[contact-form-7 404 "Not Found"]