Попова Шапка како туристички центар е познат по планинскиот туризам. Поседува 11 ски-лифтови во должина од 11.000 метри, со капацитет од 8000 скијачи на час и должина на патеката од околу 20 км. Ски патеките се погодни за сите нивоа на скијање, од почетници до професионалци.

Исто така, во текот на летото, се организира авантуристички туризам со професионални водичи за пешачење (Hiking) во најубавите места на Шар Планина.

  • Јелак – 1700м надморска височина – 40 минути пешачење
  • Лешница – 2160м надморска височина – 4 часа пешачење
  • Титов Врв – 2749м надморска височина – 7 часа пешачење
  • Црното езеро: 2150м надморска височина – 6-7 часа пешачење
  • Боговињско Езеро – 1900м надморска височина – 5 часа пешачење
  • Бело езеро – 2250м надморска височина – 6 часа пешачење

Попова Шапка нуди разновидни активности во текот на целата година и претставува рајско засолниште за љубителите на природата и планинските спортови.

Дадените цени се по соба за 1 ноќевање и вклучуваат :

  • Ноќевање со појадок
  • Интернет
  • Паркинг

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)

[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]