28.12.2021 – вторник

Состанок на групата 2 часа пред полетување, на аеродромот во Скопје.Полетување за Братислава во 14:00 часот. Пристигнување во Братислава во 15:30 часот. Организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Краток одмор а во вечерните часови следи прошетка низ Братислава.Индивидуално враќање назад во хотелот. Ноќевање.Ден(а)


29.12.2021 – среда

Појадок. По појадокот следува прошетка и посета на возобновениот Братиславски дворец кој е лоциран на блискиот рид над градот и од кој ќе имате можност да уживате во прекрасниот поглед на Дунав како и одлична панорамска глетка на градот, потоа посета на Грашалкович палатата (Претседателската палата на Братислава), катедралата Св. Мартин, палатата Примата, Михаилската порта, плоштадот Хвиједослав на кој ќе имате прилика да го видите и Словачкиот национален театар, како и посета на Стариот Плоштад. Слободно време. Вечерните часови ќе се искористат да се почувствува предновогодишната атмосфера во центарот на градот. Ноќевање.Ден(а)


30.12.2021 – четврток

Појадок. По појадокот следува шопинг во познатиот трговски центар ЕУРОВЕА, АУПАРК БРАТИСЛАВА, ТЕТРАЦЕНТАР (со јавен транспорт). Слободно време за уживање во кафе, храна и шопинг …Индивидуално враќање назад во хотел. Ноќевање.Ден(а)


31.12.2021 – петок

Појадок. Слободно време за идивидуални прошетки, кафе , шопинг … Вечерта , пречек на Нова Година, во центарот на прекрасната Братислава.Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.Ден(а)


01.01.2021 – сабота

Појадок. Одјавување од хотел и можност за уште едно кафе во центарот на градот.Во договорено време организиран трансфер кон аеродромот во Братислава. Лет за Скопје во 16:05 ч. Пристигнување во Скопје во 17:35 ч.

ЦЕНА: 289 еур

Во цената на аранжманот е вклучено:

·         Директен лет на релација Скопје – Братислава – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;

·         Аеродромски такси

·         Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40x30x25 cm;

·         Сместување во двокреветни соби во хотел – 4 ноќевања со појадок;

·         Организирани прошетки според програмата ;

·         Трансфер аеродром – хотел – аеродром;

·         Организација на аранжманот ;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

•                      Доплата за еднокреветна соба;

•                      Градска такса 1,7 евро од лице на ноќ (се плаќа директно во хотел)

•                      Доплата за голема кабинска торба (мал куфер)

•                      Доплата за чекиран багаж (голем куфер);

•                      Билети за јавен превоз.

·         Доколку се пријават над 15 патника за наведената тура, групата ќе ја придружува пратител од агенцијата 

·         Факултативна посета на Виена :
Доколку постои интерес кај некои од патниците, може да се огранизира факултативна посета на Виена, со јавен трансфер. Доколку бројот на заинтересирани патници надминува 14 , можност посетата да биде организирана и со пратител. За дополнителни прашања, обратете се во агенција.

 Организиран превоз од : Штип, Струмица,  Битола, Прилеп, Велес

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО СЛОВАЧКА

Ве информираме дека при влез во Словачка, според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:

1. Пополнување на формулар за влез во државата, https://www.mindop.sk/covid/forms .
2. Приложување на сертификат за примена вакцина (сите вакцини).
3. За деца под 12 години кои ги придружуваат патниците не е потребен сертификат за вакцинација 
На туристи без сертификат за вакцинација нема да им биде дозволен влез во Словачка!

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

1.       Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;

2.       Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;

3.       Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

 Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во   странство непосредно пред враќањето за Македонија.

Општи напомени:

·         Резервација се прави со уплата на 50% од вкупниот износ на аранжманот;

·         Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

·         Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;

·         За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;

·         За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

·         Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

·         Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

·         Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

·         За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;

·         Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

·         Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ