Положба

Хотелот е сместен во Битез, на 45 км од аеродромот и 6 км од центарот на Бодрум.

Сместување

Вкупно 183 соби.Супериор соби (20 м², една сплана, едно купатило, макс. 2+1 дете).Јуниор апартман (30 м², една спална соба, една дневна соба, едно купатило, макс. 2+2 лица).Делукс апартман (40 м², две спални соби, една дневна соба, едно купатило, макс 4+2 деца). Сите соби имаат приватно купатило со туш или када, фен, клима, минибар, телефон, балкон или тераса.

Услуга

Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, детско бифе, детски оброци, бар со закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Со доплата се премиум пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, енергетски пијалоци и сѐ останато што не е наведено во концептот.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса, барови низ хотелскиот комплекс. Со доплата се перење и хемиско чистење, пеглање алишта, телефон, факс, салон за убавина. Wi-Fi интернет бесплатен низ хотелскиот комплекс.

Плажа

Приватна хотелска плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

Спорт и забава

Отворени базени за возрасни и деца, аква парк, пинг понг, пикадо, билијард, детско игралиште, турска бања, сауна се бесплатни.Со доплата се масажи, џакузи, јавна бања, СПА центар, третмани во салонот за убавина. Забавни програми во текот на денот.