Барселона за Велигден – Програма на Тура

Ден(а)
21.04.20212- четврток

Состанок на групата во утринските часови за трансфер до аеродромот во Софија.Полетување за Барселонa во 19:05 ч. Пристигнување во Барселона во 21:05 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.Ден(а)
22.04.2022 – петок

Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, Саграда Фамилија(40 минутен разглед), Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот (јавен транспорт) – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.Ден(а)
23.04.2022 – сабота

Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона.Посета на паркот Цитадела, Побл Еспањол – Шпанското село кој претставува музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија.Тибидабо е рид со поглед на Барселона, со 512 метри висина, тоа е највисокиот рид во Сера де Колсерола. Нагло издигнувајќи се на северо-запад,нуди прекрасен поглед на градот и околното крајбрежје.За љубителите на спортот, можност за посета на најпознатиот стадион во светот – „Ноу Камп“(јавен транспорт) на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видите музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел со метро. Вечерта можност за Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.Ден(а)
24.04.2022 – недела

Појадок во хотел. Слободно време и можност за посета на познатиот парк ГУЕЛ (јавен транспорт),кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. После паркот може да заминете во шопинг центарот „Маремагнум“, да уживате на убавото соце покрај море со едно кафе за довидување. Индивидуално враќање во хотел и слободно време. Трансфер до аеродормот во Барселона.Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Софија во 22:00 часот. Пристигнување на аеродром во Софија во 01:55 часот локално време. Организиран трансфер до Скопје.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА : 419 Евра (25.978 мкд.)

ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА МЕСТА ПО ПРОМОТИВНА ЦЕНА !!

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

·         Трансфер Скопје – Софија – Скопје

·         Директен лет на релација Софија – Барселона – Софија со авикомпанија Wizz Air;

·         Аеродромски такси

·         Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;

·         Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;

·         Сместување во двокреветни соби во хотел Вила Домат 3* (во центарот на градот)или сличен на наведениот;

·         Организација на аранжманот и асистенција од партнер агенција во Барселона.

·         24/7 local support

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

·         Организиран панорамски разглед на Барселона со локален водич и  трансфер – 35 €

·         Организирана посета на 3 парка – ЦИТАДЕЛА,ТИБИДАБО,ШПАНСКО СЕЛО – 55 €

·         Посета на Ноу Камп – 30  € (влезница)

·         Посета на Парк Гуел  – 15  €  (влезница)

·         Фламинко шоу со вечера 85 €, со пијалок 50 €

·         Аквариум  – 25  € (влезница)

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФАКУЛТАТИВИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА !!!

·         Туристичка такса се плаќа во хотел – 1,5 € по ден на лице; (уплата во агенција)

·         Билети за јавен превоз со метро;

·         Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција).

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и копија од валидна патна исправа
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ

[contact-form-7 404 "Not Found"]