Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина, збогатен со живописен природен резереват со срнички, зајачиња и други животинчиња, ресортот е вистинска хармонична бајка.
Со своите содржини меѓу кои е прекрасниот и убедливо најфотографираниот инфинити базен во Македонија; СПА центар; Ресторан во кој освен во врвната храна може да се ужива и во уметнички ремек дела на најпознати наши и светски автори; барови со големи надворешни или затворени тераси; комотни соби со прекрасен поглед; беспрекорна услуга од светска класа и многу други интересни планински содржини, го прават овој луксузен сепак интимен комплекс совршено бегство од секојдневието – место за вистински одмор.
ЦЕНИ НА БАРАЊЕ
Услови:
- * Цените се изразени во Евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62,00 ден за 1 еур;
- * Цените не вклучуваат осигурување и туристичка такса за престој (45 мкд за возасно лице по ноќевање, 5 мкд за деца до 12 години ). Се плаќа на рецепција во хотелот;
- * За резервација потребна е уплата од 50% од вкупната цена на аранжманот.
Останатиот дел се доплаќа најдоцна 10 дена пред пристигнување. - Доколку потврдената резервација е откажана 20 дена пред пристигнувањето е бесплатно наплатена.
Ако резервацијата биде откажана 19 дена пред пристигнувањето 50 % од вкупната сума ќе биде наплатена. Доколку резервацијата биде откажана 15 пред датумот на пристигнување вкупниот изност ќе биде наплатен. - * Влез во СПА центарот и користење сите негови содржини на деца под 10 год не е дозволено.
За деца од 10 до 12 год, придружба на родител е неопходна и е дозволено само користење на внатрешниот базен.