Вилата е лоцирана во мирниот дел на Сутоморе под магистралата, на 4-5 мин. пешачење од автобуската страница во Сутоморе, на 6-7 минути пешачење до најблиската плажа (градската плажа), и 10 мин. пешачење до центарот на Сутоморе. Во близина на вилата има 2 супермаркети. Вилата е нова градба и располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студија. Сите соби се комплетно опремени со мини кујна, сопствен тоалет, TV, Wi-Fi интернет конекција, клима (вклучена во цената). Собите се на втор кат и една на приземје.
Вилата располага со сопствен паркинг за гостите за 12 возила.
Во вилата има можност да се нарача и храна на барање по желба на гостите.
КООРДИНАТИ: 42.14238557750445, 19.042259769712487
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА
10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТИ ОД 50% ДО 30.04.2022
Термин | 22.06 – 29.06 | 29.06 – 06.07 | 06.07 13.07 | 13.07 – 20.07 | 20.07 – 27.07 | 27.07 – 03.08 | 03.08 – 10.08 | 10.08 – 17.08 | 17.08 – 24.08 | 24.08 – 31.08 | 31.08 – 07.09 |
Ноќевања | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 |
Студио 1/2 | 199€ | 199€ | 229€ | 239€ | 259€ | 259€ | 259€ | 259€ | 239€ | 219€ | 209€ |
Студио 1/3 | 269€ | 269€ | 299€ | 309€ | 329€ | 329€ | 329€ | 329€ | 309€ | 289€ | 279€ |
Студио 1/4 | 319€ | 319€ | 349€ | 359€ | 379€ | 379€ | 379€ | 379€ | 359€ | 339€ | 329€ |
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
– Наем на студио за 7 ноќевања/8 дена
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Туристичка такса (1€ по лице од ден – се плаќа во вилата)
– Автобуски превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ЗА ЦРНА ГОРА:
– Скопје (Дрводекор) – 45€
– Куманово (бензинска Макпетрол или автобуска) – 50€
– Велес (кружен тек кај Коструницата) – 50€
– Росоман (Црна Река – Сирково) – 55€
– За деца (02-11.99 год.) се одбива 10€ од цената за возрасен
– За билет во еден правец се одбива 10€
– Поаѓање од Скопје секоја среда во 23:30h, враќање од Сутоморе секој четврток во 14:30h
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
– За резервација задолжително е уплата на аванс 30% од вкупниот износ, а остатокот се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, а плаќањето е во денари (1 евро = 62 денари)
– Уплатата може да ја извршите директно во агенција, онлајн преку веб страната или на жиро сметка
– Користењето на собите собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден во 09:00 ч. (багажот се остава на рецепција)
– За уплатени 2 аранжмани (7+7 ноќевања) одобруваме 10% попуст на вторниот аранжман
– Попустите не се комбинираат
– Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
– За хигиената на собите се грижат самите гости
– Сите настанати штети за време на престојот се на терет на патникот
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
– Се патува преку Косово и Албанија
– Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направени и потврдени резервации нема да подлежат на било каква промена на цената
– За оваа понуда важат општите услови за патување