Апартмани Корач  се лоцирани на околу 1200м – 1500м. од најпознатите плажи во Улцињ. Вилата располага со 8 апартмана распоредени на три ката.

Два дуплекс апартмани – површина од 40м2, две соби: една спална со брачен кревет и помошно легло, а другата дневна соба со тросед, двосед, помошно легло и кујна. Секој дуплекс апартман има сопствено купатило, балкон, клима уред, ТВ, интернет и паркинг простор. Капацитетот на апартманот е до 7 луѓе.

Шест мини апартмани – површина од 20м2, соба, сопствено купатило, балкон, клима уред, ТВ, интернет и паркинг простор. Исто така има и заедничка кујна сместена во ходникот, која ја користат два мини апартмана.

Покрај плажите има паркинг места што овозможува одење и враќање од плажа со автомобил.

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПП ЗА 7 НОЌЕВАЊА

НАПОМЕНА:

  • – Цена за повратен билет за возрасен 40 евра
  • – Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден до 10:00 часот (багажот се остава на рецепцијата, предвидена за куфери)

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • – За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
  • – Цените се дадени за наем на соба во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)
  • – Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка  и онлајн уплата на нашата веб страна
  •  – Задолжително патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата
  • – Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
  • – За хигиената на собите се грижат гостите
  • – Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот
  • – За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта 
  • – Се патува преку Косово и Албанија
  • – Не е потребен PCR тест за влез во Црна Гора
  • – Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]