Апартманите ЈОВАН -Будва, категоризиран со 4* располага со модерно опремени едноспални и двоспални апартмани лоцирани веднаш до хотелот“Garni Hotel MB”. Апартманите се карактеризираат со домашна атмосфера и имаат луксузен ентериер кој обезбедува максимална удобност. Модерно опремени и удобни, апартманите нудат услуга базирана на хотелско сместување. Менувањето крпи и чистењето на апартманите е секојдневно. Локацијата на апартманите е идеална за сите оние кои сакаат да имаат мир и тишина, но и да бидат во близина на градот и плажата. Сите апартмани имаат пространа дневна соба, кујна, купатило, кабловска телевизија, клима уред (вклучен во цената). Бањите во апартманите содржат туш, фен, машина за перење. Обезбеден паркинг. Бесплатен сеф и интернет.
- Апартман тип 041: дневна соба опремена со тросед, ТВ, клима споена со трпезарија и кујна и спална соба со два кревети, бања (туш, машина за перење, фен за коса) и опремена тераса;
- Апартман тип 062: дневна соба опремена со тросед и аголна гарнитура, ТВ, клима, трпезарија со модерна кујна, две посебни спални соби од кои едната е со два единечни кревети, а другата со брачен кревет, бања (туш, машина за перење, фен за коса) и 2 опремени тераси;
ТЕРМИНИ | Ноќевање | 1/3+1 тип (041)цена по лице со превоз,минимум 3 лица во апартман | 1/4 +2 тип (062)цена по лице со превоз,минимум 4 лица во апартман |
06-06-13.06.2022 | 7 | 125 | 120 |
13.06-20.06.2022 | 7 | 125 | 120 |
20.06-29.06.2022 | 9 | 165 | 155 |
29.06-08.07.2022 | 9 | 175 | 165 |
08.07-17.07.2022 | 9 | 195 | 185 |
17.07.-26.07.2022 | 9 | 220 | 210 |
26.07-04.08.2022 | 9 | 230 | 220 |
04.08-13.08.2022 | 9 | 230 | 220 |
13.08-22.08.2022 | 9 | 215 | 205 |
22.08-31.08.2022 | 9 | 190 | 180 |
УСЛОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ:
- Петто возрасно лице или прво дете до 12 години во апартман тип 062 плаќа 50% од цената во табелата.
- Второ дете до 12 години во апартман тип 062 плаќа 25% од цената во табелите.
- Дете до 12 години во апартман тип 041 плаќа 25% од цената во табелите.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
- Цените во табелите се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз.
- За патување со сопствен превоз се одбива 20 евра од цената на аранжманот.
- Автобускиот превоз се врши со високо туристички автобуси на фирмата ББ Бус Турс и истите можете да ги погледнете на bbbustours.mk.
- За време на патувањето треба да бидат запазени сите протоколи како: задолжителна дезинфекција при влез во автобус и одржување на дистанца за патници кои не патуваат заедно, задолжително носење на маска која ќе ги покрива устата и носот.
- Пополнетоста на патници во автобусот ќе биде согласно моменталните протоколи за патување.
- Во текот на целото патување во автобусот ќе има и придружник од агенцијата.
- Туристичка такса се плаќа на рецепција во хотелот“Garni Hotel MB”и чини 1 еврo по лице на ден. Со плаќањето добивате картон за престој кој е потребно да го чувате до крајот на вашиот аранжман.
- Цените во табелите се дадени во евра, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро (62мкд).
- Во цената на аранжманот не е вклучено патничко – здравствено осигурување кое може да го извадите во нашата агенција.