Apart Hotel Kopaonik се наоѓа во викенд населбата Брзече на 18км од ски центарот Копаоник. Директно поврзан со гондола која се наоѓа 300м од хотелот и води од Бела Река (Брзече) до Мали Караман (Копаоник). Секоја соба е опремена со брачен или два единечни кревети, Wi-Fi, фрижидер,  сопствен тоалет и кујна. Поседува сопствен паркинг, ресторан (работи на база полупансион), бар, лоби, како и бесплатна Wi-Fi интернет конекција. 

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА ЕДНО ЛИЦЕ ЗА 3 НОЌЕВАЊА ПОЛУПАНСИОН (цената е за минимум двајца возрасни во соба)


15% ПОПУСТ НА СИТЕ ТЕРМИНИ ЗА УПЛАТИ ОД 30% ДО 01.11.2021 

Во цената е вклучено:

  • – 3 ноќевања на база услуга HB (ноќевање со појадок и вечера)
  • – Туристички пратител на групата

Во цената не е вклучено:

  • – Автобуски превоз
  • – Туристичка такса 1,10€ по лице по ноќевање, а за деца од 7-15 години се плаќа 0,50€ по лице по ноќевање (се плаќа на рецепција)
  • – Патничко осигурување

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ СКОПЈЕ-КОПАОНИК-СКОПЈЕ

  • – Цена за превоз за возрасен е 40 евра, а за деца од 3-11,99 години е 30 евра
  • – Поаѓање секој четврток во 07:00 часот од Скопје (Дрводекор), враќање од Копаоник во недела 15:00 часот
  • – Цената за превозот важи за месец Декември, Јануари и Февруари 2022

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • – Check in во собите во 13:00 часот, check out до 10:00 часот. 
  • – Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
  • – Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот
  • – Се патува со лична карта преку граничниот премин Табановце
  • – Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд
  • – Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање
  • – Доколку сме спречени да го реализираме патувањето поради ситуацијата со која се соочуваме, средствата ќе бидат рефундирани во целост
  • – За реализација на аранжманот потребно е да се пријават минимум 30 патници
  • – Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • – За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • – За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • – Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • – Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ