- NOMAD - https://nomadtravel.mk -

ALEGRIA Sun Village 4* – Лорет Де Мар

ШПАНИЈА   Лето 2024.

Коста брава – Азурен Брег – Венеција-Венеција-Верона-Барселона-Кан-Ница-Монако-Монте Карло

Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала”, со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар наКоста Брава –  ЛОРЕТ ДЕ МАР+++ Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона.          

Пакет аранжман со АВТОБУС                         

Термини: 12,18 Јуни     *   11, 25 Јули   *    15,29 Август     *    04 Септември 2024                         

ЦЕНА за уплата до 15 Март 2024 + ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН ВО ШПАНИЈА

 ALEGRIA SUN VILLAGE 4*  Јуни  Јули                      Август Септ,
  1218112515294
По лице во 1/2 собаНП549579619629579549/
Трето лице во 1/2+1 собаНП499519559559529489/
1-во дете 2-11,99 г.НП419439449459439419/
      * ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 15.Март.2024

ПРОГРАМА:

ден  СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА:

Состанок на групата во 12.00ч.  Поаѓање во 12.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.

ден  ВЕНЕЦИЈА – ВЕНЕТО Регија:

Пристигнување во утринските часови. Факултативно, со брод се префрлуваме во островската Венеција. Разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Кулата часовник, мостот на воздишки, мостот Риалто, Каналот Гранде. Прошетка низ тесните и живописни улички со безброј мостови над каналите низ кои пловат легендарните гондоли. Слободно време за индивидуални прошетки. Со брод се враќаме кон пристаништето Пунта Сабиони од каде со автобус одиме до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

3ден  ВЕНЕТО – ВЕРОНА – ЉОРЕТ ДЕ МАР:

Појадок. Патувањето продолжува кон Верона. Целодневен престој (9часа) и прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Шпанија продолжува во вечерните часови. Се патува покрај Пиаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.

4– 10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч.Слободно попладне. Престој на база 6 ноќевања со појадок, 6 полу пансиони, по ваш избор.За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC, COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, BARCELONA BY NIGHT & DISCO OPIUM, AQUARIUM, NOU CAMP, FIGUERAS – MUSEUM DALI,EMPURIA BRAVA – Шпанска Венеција, FLAMENCO SHOW, дискотеки во Љорет де Мар…

10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ

Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности, или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани во вечерните часови kako и шопинг во големите стоковни куќи, трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење. 

11 ден   АЗУРЕН БРЕГ: Кан – Ница

 Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со гламурот на Кан.

Кан,  – познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели. Се искачуваме во стариот град Сике, познат по  својата тврдина и готска црква. Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета.

Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала и идиличните мали гратчиња на патот кон Ница.

Ница,  – Кралица на Француската Ривиера, срцето на најбогатиот период познат како  ‘Belle Epoque”.

Иконскиот хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”,  плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки.

Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег (помеѓу Frejus и Nice). Ноќевање.

12ден АЗУРЕН БРЕГ – ЕЗ – МОНАКО:

Појадок.Го напуштаме хотелот. Се возиме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег. Поминуваме покрај средновековниот град Ез и ја посетуваме најпознатата фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез. Единствена можност да купите парфеми по фабрички цени.

Продолжуваме кон Монако. Целодневен (9 часа) престој во гламурозната Кнежевина Монако. Почнуваме со прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океанографскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички…  Пешачиме кон Монте Карло покрај пристаништето со луксузни јахти, патеката каде се вози Формула1.Слободно време за индивидуални прошетки и посети. Во попладневните часови се упатуваме кон центарот на  МОНТЕ КАРЛО  за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и познати Казина. 

МОНАКО – СКОПЈЕ: Во вечерните часови, поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, гр.премин Табановце, со попатни паузи за одмор.   

13. ДЕН. СКОПЈЕ:  Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

ЦЕНА за уплата до 01 Март 2024 + ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН ВО ШПАНИЈА

Цената  на аранжманоt вклучува:                                                                                                          

• Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео.

• Сместување и услуги во дво/трокреветни соби, според табелата.

• Организација и професионален туристички придружник на патувањето.

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

• Доплата за еднокреветна соба: плус 50% од цената дадена во ценовникот, (задолжителна резервација и плаќање во агенција).

• Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.

 ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА СОБИ ПО ХОТЕЛИ И МЕСТА ВО СЕКОЈА СМЕНА !

 НАПОМЕНИ: