БУДВА – ДУБРОВНИК – ЦЕТИЊЕ – ОСТРОГ

29.04.2022

  •  Поаѓање во 22 чaсот со автобус од Прилеп, преку Албанија за Будва.

30.04.22 

  • Пристигнување во Будва во утринските часови, посета на св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, сместување во апартмани. Прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св.Иван,Св.Марија.Ноќевање.

01.05.2022 

  • Факултативен целодневен излет до Дубровник, преку Тиват со брод – траект. Пристигнување во Дубровник и кратко разгледување на  стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св. Влах, Дубровачката катедрала… Преку Тиват со траект вракање во Будва, слободна вечер ,прошетка во Стариот град…Ноќевање.                                                                                                                

02.05.2022 

  • Целодневен излет до Цетиње – старата престолнина на Црна Гора, со Цетинскиот манастир – симболот на Црногорската духовност, во кој се најдуваат моштите на св. Јован Крстител, палатата на Крал Никола, Плавата палата…. Потоа се продолжува за Манастирот св. Василие Острошки, сместен високо на карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и манастир на Балканот. Основан од Василије и се верува дека моштите на св. Василије Острошки се чудотворни кои се најдуваат во Горниот Манастир.Заминување за Македонија преку Скадарското езеро,Тирана, ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во МК во ноќните часови.

ЦЕНА: 3900 денари

Во цената е вклучено:   

  • автобуски превоз на дадената релација од Прилеп и Битола
  • 2 ноќевања во студија во Будва во приватни вили
  • целодневен излет до Цетиње и Острошкиот манастир
  • организација и придружник на патувањето.

 

Во цената не е вклучено: 

  • патничко здравствено осигурување – (задожително)
  • целодневен излет до Дубровник  (20 евра)                                                   
  • вечера со музика   
  • влезници за културно историските споменици, 
  •  превоз од Долниот до Горниот манастир Острог – повратна (2 – 3 евра)

Напомени:

  • За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
  • Напомена: Рок на пријавување до 20.04.2022 година 
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.                                                                                                                        

   

[contact-form-7 404 "Not Found"]