- NOMAD - https://nomadtravel.mk -

Рафтинг на Тара – 1 Мај / 24 Мај

РАФТИНГ НА ТАРА – МОДРА РЕКА

ТЕРМИНИ: 01.05-03.05.2024 / 24.05-26.05.2024

МЕСЕЦ МАЈ традиционално како и секоја година ја започнуваме сезоната на рафтинг адреналински авантури !!! Кој бил знае….Кој не бил вреди да го доживее адреналинот

ПРВ ДЕН  – Состанок на група во договорено време. Планирано поаѓање околу 4 часот наутро, попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во пладневните часови во Подгорица – главен град на Црна Гора. Слободно време во трговски центар DELTA CITY и слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот. Околу 13 часот планирано поаѓање према Модра Река. Пристигнување околу 14 часот. Вечера.

Сместување. Овде ќе бидете сместени во дрвени куќички каде воздухот е свеж и искуството е незаборавно.

Ова е една многу важна причина заради која треба да го посетите ова место, бидејќи животот во градовите е динамичен, тежок и не двои од прекрасната природа и здравиот живот.

Ноќевање.

ВТОР ДЕН  – Денот ни започнува со појадок. Групата ќе биде во постојана комуникација со стручен локален водич како и со туристичкиот пратител од агенција. Ресторанот се наоѓа на сама обала на реката. Угостителскиот тим е добро уходан во припрема на национални специјалитети. После појадокот во договорено време со групата се упатуваме кон РАФТИНГ НА ТАРА каде се упатуваме со теренско возило. РАФТИНГОТ СЕ СОСТОИ ОД ПРЕДИЗВИЦИ И АДРЕНАЛИН!!!

Секој рафтер е опремен со весло, заштитен елек и шлем. Почетниците, обично туристи, добиваат прецизни упатства што мора строго да ги следат за време на рафтингот. Рафтингот е дружење и забава.

На многубројните списоци на најдобри места за рафтинг на европска територија свое место има фантастичната црногорска река Тара. Тара ја носи титулата „Солзи на Европа“ што ја доби како дел од транспарентноста, чистотата, но и убавината. Кањонот, но и реката Тара е заштитена како дел од светското наследство на УНЕСКО. Создадена е со спојување на реките Опасаница и Веруша, веднаш под планината Комови во Црна Гора.

Рафтинг центарот се наоѓа на реката Тара, помеѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска). Ова патување е сосема поразлично и поавантуристично од сите други, кое ќе ви остави безброј спомени.

Враќање за ручек. Слободно време за истражување на природата или едноставно да се одморите слушајќи го шумот на реката и звукот на птиците. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН  – Појадок. Одјавување. Продолжуваме према Нијагарини Водопади кои се наоѓаат во близина на главниот град на Црна Гора – градот Подгорица – на реката Чивна. Туристите ќе имаат можност да го посетат одличниот еко-ресторан “Нијагара”. Се одликува со национална кујна , свежа риба и печенo месо. Ресторанот има неверојатна атмосфера. После ручек продолжуваме кон Македонија. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНAТА Е ПО ЛИЦЕ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТИПОТ НА СМЕСТУВАЊЕ БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ!!!

Промо ДО 10.04.2024

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:

КУЌАРКА БРОЈ 1 / ТИП НА СОБАЦЕНА
1/2219€ редовна – 199€ промо цена
1/5199€ редовна – 175€- промо цена
1/3209€ редовна – 189€ промо цена

Опис

I – Спрат,  двокреветна и петтокреветна соба со голема тараса над реката и едно купатило измеѓу собите
II – Спрат, трокреветни соби со тераса над реката и заедничко купатило помеѓу собите

КУЌАРКА БРОЈ 2 / ТИП НА СОБАЦЕНА
1/2219€ редовна – 199€ промо цена
1/6199€ редовна – 175€ промо цена
1/3209€ редовна – 189€ промо цена

Опис:

I – Спрат,  двокреветна и шестокреветна соба со голема тераса реката и едно купатило помеѓу собите
II – Спрат, трокреветни соби  со заедничка тераса над реката и заедничко купатило помеѓу собите

БУНГАЛОВИЦЕНА
1/3 и 1/4209€ редовна – 189€ промо цена

Опис: Трокреветни и четворокреветни бунгалови со приватни купатила

Четворокреветна соба над ресторан со приватно купатило – 219€ редовна / 199€ промо цена

Во цената е вклучено:

Во цената не е вклучено:

Важно