- Nomad Travel – Escape From The Daily Routine - https://nomadtravel.mk -

Куќа “Billy’s” – Јерисос

Item Code: 320-20357

40.399927, 23.880494

10 % попуст на вонсезонски и 15 % попуст на сезонски цени за 30 % уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 03.02.2025 (понеделник) 

Попустот е важечки за резервации заклучно со 04.01.2025 (сабота)

 

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите и многу познати плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…

Куќа “Billys” се наоѓа на идеална локација на само 30 метри од прекрасната песочна плажа, на самиот почеток на главното шеталиште, над fast food-caffe ‘Streat’, спроти caffe bar ‘Theatro’. Куќата располага со два апартмани. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг веднаш до вилата како и на 15 метри од вилата во правец на плажата.

Апартман број 1 (1/3+1) – прв кат, со директен поглед море од голема тераса со маса и столови. Апартманот е простран,  има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и стандарден кревет во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со малку постар, но квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 2 (1/6) – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна)  и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со малку постар, но квалитетен мебел, сопствен тоалет, кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови.

 

1.Вонсезонски цени

Термин Ноќевања 1/6 апартман (бр.2)

задолжително плаќаат 3 лица

1/3+1 апартман

(бр.1) задолжително плаќаат 2 лица

25/05-01/06 7 109 149
01/06-08/06 7 129 169
08/06-15/06 7 159 219
15/06-22/06 7 199 259
22/06-29/06 7 209 279

* цена по лице со вклучен превоз

           2.Сезонски цени

Термин Ноќевања 1/6 апартман бр. 2 1/+1 апартман бр. 1
29/06-06/07 7 639 609
06/07-13/07 7 679 659
13/07-20/07 7 709 689
20/07-27/07 7 709 689
27/07-03/08 7 759 719
03/0810/08 7 759 719
10/0817/08 7 709 689
17/0824/08 7 709 689
24/0831/08 7 699 679

* цена за наем на апартман

 

3.Вонсезонски цени

Термин Ноќевања 1/6 апартман

(бр.2)

задолжително плаќаат 3 лица

1/3+1 апартман

(бр.1) задолжително плаќаат 2 лица

31/0807/09 7 199 259
07/0914/09 7 159 219
14/0921/09 7 129 159
21/0928/09 7 109 139

* цена по лице со вклучен превоз

 

Напомени и услови:

Превоз: