Откријте ја богатата историја, фасцинантната култура и превкусната храна на грчките острови и тоа со најновиот крузер на Celestyal Journey. Ве покануваме да ги доживеете пејзажите, да ги вкусите традиционалните јадења и да ги истражите шармантните села со нашето осумдневно крстарење. Посетете ја Миноската палата во Кносос и интригантниот град Ефес, еден од најдобро зачуваните археолошки пронаоѓалишта на источниот Медитеран. Нашето крстарење ќе Ве одведе на романтична и опуштена одисеја до сончевите брегови, рибарските села и значајните историски места. Ќе имате можност да ги истражите скришните места и да се впуштите во едно автентично искуство.

  • 1 ДЕН | Солун | Испловување во 19:00 часот+Од 13 до 17:00 часот чекирање – Бродот испловува во 19:00 часот и започнува незаборавната авантура по Егејот од античкиот град на светлината – Солун. Вечера на брод, Ноќевање и ноќно крстарење кон Кушадаси.
  • 2 ДЕН | Кушадаси | Испловување во 19:00 часот+Појадок. Пристигнување во Кушадаси во 13:00. Ручек. Може да уживате во прекрасните песочни плажи на Кушадаси. Слободното време искористете го за прошетка по убавото крајбрежје, прошетка и шопинг во големата чаршија, како и дегустација на некои од локалните специјалитети. Можност за факултативна екскурзија посета на Ефес или некои други. Враќање на бродот во 18:00 часот и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Крит.
  • 3 ДЕН | Крит | Испловување во 19:00 часот+Пристигнување во Крит – Ираклион во 08:00. Појадок. Во Ираклион ќе имате можност да ги видите импозантните ѕидини од 16ти век на тврдината Кулес. Слободно време за посета на малите критски села или палатата на Кносос. Можност за резервација на некои факултативни екскурзии. Ручек. Поаѓање од Крит во 19:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Санторини.
  • 4 ДЕН | Санторини | Испловување во 00:30 часот+Пристигнување во Санторини во 07:00 часот. Појадок. Можете да се пријавите за неколку различни факултативни екскурзии на овој прекрасен вулкански остров , место кое нуди совршена глетка кон бројните традиционални бели куќи и цркви со небесно сини куполи. Во Санторини може да го искусите медитеранскиот начин на живот опуштајќи се во мирот и тишината на прекрасната островска оаза. Ручек и вечера на брод. Бродот испловува во 00:30 часот. Ноќевање и ноќно крстарење до Миконос.
  • 5 ДЕН | Миконос | Испловување во 02:00 часот+Пристигнување во Миконос во 08:00 часот. Појадок. Организиран превоз до градот. Градот Миконос или Хора мами со својата убавина, космополитски дух и врвен ноќен живот. Познат како „Oстров на ветровите”, препознатлив по своите бројни ветерници од 16ти век. Живописниот остров Миконос е примамлив со своите песочни плажи, кристално чистата вода, културни историски споменици кои можеме да ги видиме и доживееме ако одбереме некоја од факултативните екскурзии. Може да уживате во бројните музеи, кафулиња, барови или во клубовите со целодневни забави. Вклучен ручек и вечера. Поаѓање во 02:00 часот по полноќ. Ноќевање и крстарење до Милос.
  • 6 ДЕН | Милос | Испловување во 19:00 часот+Пристигнување во Милос во 09:00 часот. Појадок. Вулканскиот пејзаж на островот Милос го прави најегзотичен остров на Егејското море со извонредни бои и мистика. Овде ќе уживате во најубавите плажи, кои вулканските карпи ги обоиле во црвена, розова и портокалова боја. Можност да дознаете многу повеќе ако искористите некоја од понудени екскурзии. Ручек и вечера на брод. Ноќевање и крстарење до Атина.
  • 7 ДЕН | Атина | Испловување во 17:00 часот+Пристигнување во Атина во 07:00 часот. Појадок. Ова е претпоследна станица од нашата поморска авантура. Најфасцинантен град во светот, град на историјата, испреплетен и создаден од митови и легенди во срцето на античка Грција. Синоними на градот се Акрополис и Партенон. Овде може да посетите некои од локалните театри, историски локалитети или пак да се опуштите на прекрасната градска плажа. Ручек и вечера на брод. Багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж неопходен за наредниот ден. Ноќевање и крстарење до Солун.
  • 8 ДЕН | Солун+Пристигнување во 11:00 часот во Солун каде завршува ова преубаво крстарење.

Во цената се вклучени следните услуги

  • 7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Journey
  • Пристанишни такси и бакшиш за персоналот 289 еур
  • Забава на брод со безброј разни активности и анимации
  • Полн пансион со вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци за време на оброците
  • Бонус 75€ по човек за користење екскурзии
  • Секојдневна програма – распоред за оброците и активностите на бродот

Не е вклучено

  • Медицински услуги
  • Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот
  • Услуги во спа центарот и салон за убавина
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Паркинг доколку користите сопствен превоз
  • Интернет е со доплата (1h-7евра, 3h-16евра, 6h–25евра)

Сместување

  • Внатрешна кабина ( Cat/IA ) без прозорец: од €5̷9̷9̷ ➜€449
  • Кабина со окно ( Cat/XA –XBO ): €859
  • Кабина со прозорец ( Cat/XB ): од €899
  • Дете до 2 години плаќа €289 (пристанишни такси)
  • Цена за дете од 02 до 11 години за сместување во која било кабина изнесува од €519
  • Цена за сместување во еднокреветна, трокреветна или четворокреветна кабина е достапна на барање

Важни информации

  • Чекирањето на бродот е од 13:00 – 17:00 по локално време
  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
  • Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 250 € депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и Целестијал
  • За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.
  • Сите горенаведени цени може да подлежат на промени
  • За сите информации околу екскурзиите кликнете ТУКА