- NOMAD - https://nomadtravel.mk -

Кавала – 8ми Март

КАВАЛА

Ксанти-Порто Лагос-Филипи-Алистрати
08.03.2024 Поаѓање во 05.30 часот од Прилеп за Кавала преку Гевгелија. Пристигнување во
Кавала околу пладне сместување во хотел.Попладне разглед на градот:тврдината,Имарет-
от изграден 1817г.-врвот на муслиманската архитектура,споменикот и куќата каде бил роден
во 1769 Мехмед Али-основачот на Египетската династија, како и симболот на Кавала-Аква
дуктот изграден од Сулејман Величенствениот. Слободно време во центарот. Ноќевање.
09.03 Појадок.Факултативен целодневен излет до Ксанти и Порто Лагос.Поаѓање за
Ксанти,градот на цвеќето, град со богата историја и прекрасна стара чаршија,со слободно
време за индивидуална прошетка. Потоа се продолжува за Порто Лагос-место кое се наоѓа
помеѓу Егејското Море и езерото Богољов,уживање во прекрасната глетка на манастирскиот
комплекс распослан на две островчиња поврзани со копното со дрвени мовчиња.Посета на
црквата Св.Никола на првото и црквата на Пресвета Богородица на второто островче.
Враќање во Кавала.Факултативна вечера во таверна. Ноќевање.
10.03.2024 Појадок.Поаѓање за Алистрати со попатна посета на античкиот град Филипи-
градот на Филип II и градот каде проповедал и каде бил затворен Св.Апостол Павле,кој се
најдува под планината Понгај-богата со злато кое го користел Александар Македонски за
походот кон Азија, каде има можност да се видат:античкиот театар,патот Виа Игнација,
пештерата.Потоа се посетува црквата Свети Лидија со крстилницата во истоменото село.
Лидија била првата жена која го примила Христијанството,од каде почнало да се шири
во Европа.Поаѓање за Алистрати каде можи да се посети една од најголемите пештери на
Балканот,долга 3 км,стара 2 милиони год.,која обилува со фасцинантни фигури од сталакти-
ти и сталагмити.Поаѓање за Македонија и пристигнување во Прилеп во вечерните часови.


ЦЕНА: 5900 денари,за рез.до 07.02. Редовна цена 6900д.


Во цената се вклучени следните услуги:


Во цената не се вклучени следните услуги