- Nomad Travel – Escape From The Daily Routine - https://nomadtravel.mk -

Измир 3НП- 8ми Март со Авион

Item Code: 320-20622

Велигден 2025

ИЗМИР

(со посета на АлачатиЧешме, Ефес)

авионска програма

Термин: 18.04-21.04.2025

 

Измир – драгоцен камен на Егејското Море. Прекрасниот град е трет по големина град во Турција по Истанбул и Анкара и нуди динамичен спој на модерното и традиционалното. Град со 4 милиони жители, сместен во централниот дел на егејскиот брег во државата. Историски познат како Смирна со едно од најголемите пристаништа и најстарите населби во регионот на Средоземното Море. Измир може да се пофали со многу фасцинантни локалитети на културно и археолошко наследство со повеќе од 3000 години урбана историја, прекрасна клима, многубројни продавници, модерни хотели и традиционални ресторани.

 

Прв ден: 18.04.2025 (петок)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 09:30 часот. Полетување за Измир со директен лет во 11:40 часот и слетување во 14:00 часот локално време. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Во 16:00 часот започнува организирана пешачка тура со разглед на Измир – градот каде Европа се пресретнува со турската традиција и култура и кој изобилува со бои, мириси и вкусови, посета на Кordonboyu заливот, пристаниште на Измир и посета на Отоманската саат кула и Кемералти Базар, најраздвижениот и шаренолик дел на градот. Слободно време за прошетка по приморската улица – Алеа кордон, позната по ноќен живот. Ноќевање.

 

Втор ден: 19.04.2025 (сабота)

Појадок. Во 09:00 часот состанок на групата и факултативно заминување кон волшебното, недопрено градче Алачати или таканаречен “скриениот скапоцен камен на Турција”. Посета на фестивалот на билките кој традиционално се одржува секој април. Овој фестивал не само што ја промовира природната флора и кујна во регионот, туку придонесува и за опстанокот на културното наследство. Фестивалот ги обединува и локални жители но и посетителите од целиот свет. Алачати е еден од најубавите традиционални градови во Турција. Градот изобилува со камени куќи обоени во пастелни бои, живописни тесни улички од калдрма украсени со многу цвеќе и орнаменти и ресторани со поставени маси низ тесните улици. Градот е познат и по ветерниците, прекрасните песочни плажи, бутик хотелите и луксузните ресорти. Кратка градска тура и време за индивидуални активности. Заминување кон Чешме, атрактивното и светски познатото летувалиште кое е најзападниот приморски град во Турција и се наоѓа веднаш спроти грчкиот остров Иос. Посета на клубот на јахтите на Чешме. Планирано враќање во хотелот во 18:00 часот. Слободно време со можност за посета на една од многуте православни цркви во градот во пресрет на Христовото Воскресение. Ноќевање.

 

Трет ден: 20.04.2025 (недела)

Појадок. По појадокот можност за факултативна екскурзија на ЕФЕС И КУЌАТА НА БОГОРОДИЦАЕфес, трет по големина град во времето на Римската Империја, кој порано бил најзначаен трговски центар во медитеранскиот регион. Антички Ефес – легенда за Грците и Римјаните, најголемото поле со урнатини во светот, сместено под врвот Пион и Булбулдаа, во близина на третото светско чудо – Храмот на Артемида -најголемиот музеј под отворено небо во модерна Западна Турција, едно од седумте чуда на Стариот век. Продолжуваме со посета на  Куќата на Богородица – едно од најважните места за посета од целиот христијански свет каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Се верува дека живеела тука по прогоните од Ерусалим, а тука престојувал и апостолот Павле. Да се поклониш и да запалиш свеќа пред иконите – една за живите и една за покојникот, духовно да се очистиш, да се напиеш вода од лековитиот извор за здравје, љубов и среќа, да се полееш за најблиските и да врзете белешка со желба за Ѕидот на желбите… Одличен спој на античка приказна и архитектура. Ручек во традиоционален ресторан. Попатна посета на православното село Ширинџе, каде ќе имате можност да го вкусите светски познатото вино. Ова старо православно село кое преживеало од 19 век е познато по камените улици, вината и рестораните кои служат локални деликатеси. Во селото ќе видите остатоци од неколку римски аквадукти бидејќи селото било важен извор на вода за древниот Ефес. Тој е добро заштитен и редок и атрактивен пример на отоманската христијанска архитектура. Планирано враќање во хотелот во 18:00 часот. Слободно време. Ноќевање.

 

Четврти ден: 21.04.2025 (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотел. Заминување и трансфер кон аеродром во 08:00 часот локално време. Полетување за Скопје во 11:05 часот. Пристигнување во Скопје во 11:25 часот локално време.

 

 

Цена по лице:  369€ / 22.880 мкд

 

Цената на аранжманот вклучува:

18/04/2025 Fri PC1572 Skopje – Izmir 11:45 14:05 PPAGT/QC

21/04/2025 Mon PC1571 Izmir – Skopje 11:00 11:20 PPAGT/QC

 

Цената на аранжманот не вклучува:

 

Напомени и услови: