- Nomad Travel – Escape From The Daily Routine - https://nomadtravel.mk -

Будимпешта 3НП – Нова Година

Item Code: 320-19716

1 ден  28.12.2024СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА   Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 12.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 12.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден   29.12.2024БУДИМПЕШТА  Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел…  Ноќевање.

3 ден    30.12.2024БУДИМПЕШТА –ВИЕНА  Појадок. Препорачуваме  целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање

4 ден   31.12.2024 БУДИМПЕШТА  – ЕСТЕРГОМ – ВИШЕГРАД – СЕНТ АНДРЕА По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот  и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност  за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта .  Враќање во хотел. ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ПЛОШТАД. Ноќевањe.

5 ден    01.01.2025БУДИМПЕШТА  Појадок.По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта. Поаѓање за Македонија во попладневните  часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден  02.01.2025СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје во утринските  часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31 ОКТОМВРИ:  1912.340 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  229 / 14.200 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Будимпешта – Крстарење – Виена – Сент Андреа-Вишеград-Естергом – 130€

 

НАПОМЕНИ: