ПРЕДБОЖИЌНА СИМФОНИЈА ВО ЉУБЉАНА

(Колоритниот Клагенфурт и Велден-градот на Ангелите)

(16.12.2021-19.12.2021)

Ако сакате да уживате во одлична Божиќна атмосфера, посетете ја Љубљана, градот кој Ве повикува со мирисот на варено вино, топол чај и печени колбаси… Ако пак сакате да ја доживеете најубавата австриска бајка, посетете го романтичниот Велден, градот на Ангелите… Едноставно, застанете покрај некое огниште и слушајте го пукањето на разгорените дрва за да го доживеете вистинското значење на Божиќ!

Прв ден: 16.12.2021 година (четврток)

18:00 часот Заминување на групата од Кавадарци и во 20:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 17.12.2021 година (петок)

Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Сместување во хотел „Park“ 3*** во центарот на Љубљана во двокреветни соби (www.hotelpark.si). Краток одмор од патувањето. Потоа разгледување на Љубљана со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Прешерневиот Споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн… Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки низ двете раскошно украсени улици кои се наоѓаат од двете страни на реката Љубљаница каде се распослани божиќните штандови кои изобилуваат со сувенири со божиќни мотиви, капи, шалови и ракавици, но и со мноштво миризливи колачи и топли напитоци.Ноќевање.

Трети ден: 18.12.2021 година (сабота)

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет кон Австрија. Организиран разглед на Клагенфурт, некогашно седиште на една од најголемите европски монархии, еден од градовите кој грижливо негува се` што историјата оставила во аманет. Клагенфурт е град за чие основање се раскажуваат легенди, град што ќе Ве одушеви со колоритните улици, а со градбите ќе Ве врати во времето на Марија Терезија и дворските балови. По организираниот разглед, слободно време за посета на божиќните штандови. Потоа продолжуваме кон Велден, малото градче во покраината Корушка кое во овој период од годината го нарекуваат Градот на Ангелите. Велден се наоѓа на брегот на Врбското Езеро во кое секоја година се поставува најголемата атракција-Божиќниот венец до кој се стигнува со бродот на Ангелите „Santa Lucia“. Дворецот Велден, традиционални дрвени колиби, опојни мириси од борови гранчиња и варено вино, ангелска пекара во која вредните Ангелчиња ги подготвуваат божиќните колачи, ангелска пошта, божиќни звуци кои се разлеваат од месните хорови… Безброј бели ангелски балони со писма постојано полетуваат кон темното ноќно небо следени од илјадници погледи полни со надеж дека наскоро ќе им се исполнат нивните скриени желби… Целиот град наликува на една голема осветлена сцена во која сите се дел од најубавата божиќна бајка која никого не остава рамнодушен. Во вечерните часови враќање во Љубљана. Слободно време за повторно уживање во убавините на градот каде се најавува доаѓањето на Божиќ. Ноќевање.

Четврти ден: 19.12.2021 година (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………169 евра (10.480 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • – Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • – Две ноќевања со појадок во хотел „Park“3*** во Љубљана
  • – Целодневен излет до Клагенфурт и Велден
  • – Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата
  • – Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • – Доплата за еднокреветна соба – 50 евра (за двете ноќевања)
  • – Туристичка такса во Љубљана (се плаќа во агенцијата) – 400 денари за двете вечери
  • – Патничко осигурување