Атрактивното и светски познатото летувалиште Чешме е најзападниот приморски град во Турција, поставен на самиот раб на истоимениот полуостров на обалата на Егејското Море. Заради бројните природни убавини, автентичноста и оригиналниот карактер на градот, пријатната медитеранска клима, кристално чистото топло море и преубавите песочни плажи, Чешме низ годините се развива во елитно и монденско интернационално познато летувалиште. Облата на полуостровот е долга околу 30км и на неа се сместени бројни песочни плажи. Најпознатата атракција во градот е Џеновската тврдина или замокот Чешме. Градот има богата туристичка понуда и сместувачки капацитети со различна категоризација, марина за бродови поставена во центарот на градот околу која гравитираат живописни и автентични ресторанчиња, кафулиња и сувенирници. Чешме е исто така надалеку познат по своите термални води кои извираат во околината на градот со температура до 38°C со благотворно дејство, па оттука доаѓа и називот на градот, Чешме, или во превод фонтана, токму заради неговите термални извори. Ваикики Ве води на едно пријатно патување, хармонија од сонце, море, плажа, култура и историја низ патеките на светите места на егејскиот дел на Турција!

21.април (четврток)    СКОПЈЕ – ЧЕШМЕ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 15:30 часот. Поаѓање за Турција во 16:00 часот. Патот води преку преминот Евзони и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.

22.април  (петок)    ЧАНАКАЛЕ – ТРОЈА – ЧЕШМЕ
Во утринските часови, премин преку Мраморното море со траект кај градот Чанакале. Патувањето продолжува кон Кушадаси со попатна посета на локалитетот Троја – античкиот град познат по старогрчката епопеја Илијада. Местото Хисарлик, во северозападна Турција, е идентификувано како Троја уште од античко време. Археолошките истражувања покажуваат дека бил населен скоро 4.000 години почнувајќи од околу 3000 г.п.н.е. Пристигнување во Чешме во попладневните часови. Панорамски разглед на Чешме Сместување во хотел.  Можност за прошетка низ стариот дел на градот и прекрасната марина. Ноќевање. 

23.април (сабота)      ЧЕШМЕ – ЕФЕС – СЕЛЏУК  
Појадок. Слободен за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Ефес – еден од најбогатите археолошки локалитети од античкиот период, куќата на Св. Богородица во која според легендите ги минува последните години од својот живот, како и црквата и гробот на Св. Јован во Селџук. Можност за попатна посета на фабрика за производство на облека од кожа. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно попладне. Ноќевање.

24.април (недела)      ЧЕШМЕ-АЛАЧАИ-ЧЕШМЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативна посета на живописното гратче Алачати, бисерот на полуостровот Чешме. Ова мало традиционално место е познато по своите колоритни камени куќи кој се обоени во пастелни бои поврзани меѓусебно со живописни тесни улички од калдрма со многу цвеќиња и орнаменти. При овој разглед се посетуваат античките ветерници од каде се простира прекрасна панорама кон градот потоа се продолжува кон старата џамија изградена врз православна црква и плоштадот… слободно време за идивидуални активности и уживање низ уличките на Алачати  каде има голем број на продавнички и ресторани. По разгледот продолжуваме со автобус до најпознатата плажа на Чешме, плажата Илиџа, која има термални извори кој извираат директно во морето. Застанување до плажата со можност за фотографирање. Враќање во хотел. Ноќевање.

26.април (понеделник)   ЧЕШМЕ – ИЗМИР- СКОПЈЕ 
Појадок. Заминување за Скопје. Попатна посета на Измир со можност за индивидуална прошетка низ центарот на градот. ….Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни одмори. 
Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови

Цена на аранжманот:


Hotel 3* | BB (ноќевање со појадок) = 149 € (9.238,00 мкд)
Hotel 5* | HB (полупансион) = 229 € (14.198,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со туристички автбус на наведената релација
• Сместување во одбраниот хотел во  Чешме на база 3BB/HB 
• Панорамски разглед на Чешме со локален водич
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:  
• * Ефес и Слеџук (водич, влезница, транспорт)- 35€
• * Алачати – 15€
• * Влезница за Троја околу 5-10€
• Влезници за индивидуални посети на музеите и културно историските споменици
• Патничко осигурување
• Туристичка такса 2€ по соба од ноќ

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

[contact-form-7 404 "Not Found"]