Будва – Острог – Дубровник

1 ден 30.12: Прилеп – Будва
Поаѓање во 20ч. од паркингот на х. Липа. Ноќно возење кон Будва.
2 ден 31.12: Будва
Пристигнуваме во Свети Стефан сабајлето (кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Стигнување во Будва претпладне. Сместување во апартмани. Краток одмор по што поаѓаме во стариот дел на Будва. Разглед на: Градските тврдини, Црковно sвоно, Словенска плажа, Могрен… до послепладне. Враќање во апартмани. Вечерта на Новогодишната вечер која почнува со познатиот Хрватски пеjач Џибони или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови. Ноќевање.
3 ден 01.01: Будва – Дубровник
Сабајлето факултативна посета на Дубровник. Разглед на градот: Страдун, Градскиот sвоник,
Спонца, катедралната црква, Аквариумот… до послепладне кога се враќаме во Будва со посета на
Котор, град со прекрасна архитектура во Бока Которскиот залив. Вечерта Реприза на Новогодишната ноќ со концерт на Дино Мерлин пред платото на Стариот град во Будва. Ноќевање.
4 ден 02.01: Будва – Острог
Сабајлето во 09:30ч. тргнуваме за реализација на факултативната посета на Острошкиот манастир.
Посета на горниот и долниот манастир и поклонување на нетрулежните свети мошти од светецот. После пладне се враќаме во Будва со попатна посета на Дајбабскиот Манастир. Манастирот е изграден во пештера во вид на крст. Вечерта поаѓаме кон Прилеп. Пристигнување во утринските часови.

Цената на аранжманот изнесува 75€
(За уплата до 01.12 гратис посета на Острог)

Во цената на аранжманот е пресметано:

  • Пат на наведената релација со туристички автобус/минибус
  • 2 ноќевања во Будва во апартмани
  • Лиценциран придружник
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е пресметано:

  • Патничко осигурување
  • Посета на Острог – 10€
  • Посета на Дубровник – 15€
  • Се она што не е предвидено со програмата


Напомена: Сместувањето е во апартмани во Будва. Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска
противвредност на еврото по курс 62 денари. За реализација на факултативните посети потребна е
застапеност од 70%.

[contact-form-7 404 "Not Found"]