Си беше еднаш, во едно градче…

И овај Божиќ, во работилницатата на џуџињата се работи со полна пареа. Не пречекуваат во нивните топли пекари со привлекувачки мирис и убава глетка. Пченицата е ставена и чека да се почне да се работи со полн капацитет за истата да стане брашно.

Поаѓање во 5 часот од Прилеп, преку граничниот премин Меџитлија – Ники, преку Птолемаида – Гревена со попатни паузи. Пристигнување на Метеорите, област Тесалија, која ја красат гигантски карпи, на кои се изградени средновековни Манастири со висина од 100 – 150 м. Некогаш Биле 24, но денес се активни само 4 – 5. Ќе се посети најголемиот манастир Голема Метеора и еден од најубавите манастири – Варлаам. 

Потоа продолжуваме кон Трикала. Ве водиме во најубавиот Божиќен парк во Централна Грција. Името на панаѓурот е „РАБОТИЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА“ каде што децата можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Прекрасни празнични декорации, волшебна атмосфера, забава за големи и мали, вкусни искушенија, Дедо Мраз, лизгање на мраз, возење со воз… Божиќ е познат по купувањето на подароци, па во „Работилницата на Џуџињата“ ќе имате можност да купите подароци од прекрасно декорираните дрвени куќарки.

Попладнето околу 18.00 часот заминување за Македонија и пристигнување во Прилеп во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 950,00ден. / деца до 12 год. придружувани со родители 650,00 ден.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • посета на Метеора,
  • посета на работилница на икони,
  • посета на Трикала
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Влезница во манастирите во Метеори

Напомена:

  • Важат општите правила на СКТМ