Нова 2023 година во
– СПЛИТ ДУБРОВНИК – ШИБЕНИК  ТРОГИР  МАКАРСКА – ОМИШ

1 ден 30.12.2022 Поаѓање од пред агенција во 18.00 часот со туристички автобус, преку Албанија, Црна Гора за Хрватска, ноќно возење со попатни паузи.

31.12.2022 Преку Будва, Тиват со траект, долж Јадранската ривиера, преку Неум (БиХ) предпладне се пристигнува во Сплит, сместување во хотел. Попладнето разгледување на Сплит со локален водич: Диоклецијановата Палата, Катедралата Свети Дује, плоштадот, Променадата – Рива…. Вечерта дочек на Новата 2023 год. на плоштадот на Сплитската променада – Рива, со богата музичка програма.Ноќевање.

01.01.2023 Појадок. Целодневен факултативен излет со локален водич до: Трогир каде ќе се видатКатедралата Свети Ловре, палатата Чипико, кулата св. Марко.. Шибеник при што ќе се видат: Катедралата св. Јаков – која е под заштита на УНЕСКО, четирите средновековни бунари, а на 10 км се најдува Националниот парк *Крка* со познатите слапови на реката Крка и нивна посета. Враќање во Сплит. Слободна вечер во центарот на Сплит.Ноќевање.

02.01.2023 Појадок. Поаѓање за Македонија со попатни посети на: “Гусарскиот град” Омиш, па долж ривиерата-поминувајќи покрај многу убави туристички места, а едно од нив е  Макарска – нејзина посета при што ќе се видатКацичевиот плоштад, црквата св. Марко и прошетка по преубавото шеталиште – Рива… Потоа се оди за Дубровник каде ќе се посети  стариот град и тоа : Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедралата… Потоа се продолжува за Македонија преку Црна Гора со попатна пауза во Будва – прошетка во стариот дел на Будва.По полноќ се продолжува за Македонија преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 03.01.2023 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 ЦЕНА: 9900 ден.

За резервации до 25.11.2022г.= 8900ден.

 Во цената се пресметани следните услуги:

  • превоз со туристички автобус
  • сместување во хотел Mondo 4* на база 2 ноќевања со појадок
  • разглед на Сплит со локален водич
  • посети на: Дубровник, Омиш, Макарска,Будва…
  • организација и придружник на патувањето.

Во цената не е пресметано:

  • патничко и здравствено осигурување – без франшиза – 300 ден
  • целодневен излет со локален водич до:Трогир,Крка и Шибеник -30 €, плус влез во Крка-10 €
  • влезници за други културно – историски споменици

Напомена: Рок на пријавување до 20.12.2022 година.

За овај аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.

[contact-form-7 404 "Not Found"]