Програма на патувањето:

30.04.2021 (Петок) СКОПЈЕ – СОКО БАЊА

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем рано наутро во 05.30часот. Поаѓање кон Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Соко Бања во пладневните часови и сместување во хотел Бањица. Ручек. Краток одмор и освежување од патувањето и заминување на организирана попладневна прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Mилошев Конак, Tурско купатило, црквата Св. Преображение…). Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

01.05.2021 (Сабота) СОКО БАЊА – ЛЕПТЕРИЈА – СОКО ГРАД

Појадок. Организирана претпладневна прошетка до излетничко место Лептерија и стариот Соко Град со локален водич. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, релаксација и одмор. Вечера. Ноќевање.

02.05.2021 (Недела) СОКО БАЊА – ОЗРЕН

Појадок. Ден предвиден за традиционален велигденски ручек на Озрен со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача) и организирани активности и натпревари во природа на отворено (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…). Враќање во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

03.05.2021 (Понеделник)  СОКО БАЊА -СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални прошетки. Заминување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот за пријави до 31.03.2021 –  109€/6.758мкд

Редовна цена на аранжманот – 119€/7.378мкд

Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел Бањица 3* во двокреветни и трокреветни соби на база 3 ноќњевања
  • Исхрана на база 3 полни пансиони (појадок-шведска маса, ручек и вечера сет мени)
  • Организиран разглед на Соко Бања со локален водич
  • Организирана прошетка до Лептерија и Сокоград со локален водич
  • Организиран излет на планината Озрен со традиционален велигденски ручек и богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача)
  • Туристичка такса
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:

  • За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 35 патници, со капацитет на автобус од  75% исполнетост според моменталниот протокол за автобуски сообраќај.
  • За ова патување не е потребен PCR тест.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 1000ден доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
  • Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
  • За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]