Српските Карлови Вари, Рибарска Бања е една од најстарите бањи на Србија откриена уште во 4 век од нашата ера и тоа сосем случајно од страна на Римјаните кога неколку војници после неколку дневен одмор на ова тло, капејќи се во лековитите води, сфатиле дека се чувствуваат одлично, препородено и многу подобро од претходно. Рибарска Бања денес, претставува еден од најпознатите СПА климатски центри, со 6 термални извори со температура до 42°C . Удобно сместена на падините на Голем Јастребац, на 540м надморска висина, опкружена со густа шума и чист, свеж воздух, оваа бања е погодна за комплетна релаксација и опоравување на духот и телото. Интересно е што името го добила по рибарите на кнезот Лазар кои тука ловеле риби, најчесто пастрмки, ги сметале за најквалитетни и највкусни, па оттука и називот, Рибарска Бања.


Програма на патувањето:
1.Ден 30.04.2022 (сабота)   СКОПЈЕ – РИБАРСКА БАЊАСостанок на групата во 05.30 часот наутро на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Рибарска Бања околу пладне и сместување во Рибарски Конаци. Слободно време за одмор, индвидуални прошетки и релаксација. (Вечерни јога вежби.) Вечера. Ноќевање.
2.Ден 01.05.2022 (недела) РИБАРСКА БАЊА (Утрински јога вежби). Појадок. Слободен ден за одмор, индивидуални прошетки и активности, време предвидено за релаксација и факултативно користење на содржините на Рибарска Бања. (Вечерни јога вежби.) Вечера. Ноќевање.

3.Ден 02.05.2022 (понеделник) РИБАРСКА БАЊА (Утрински јога вежби). Појадок. Ден предвиден за индивидуални прошетки, одмор и релаксација, можност за факултативно користење на содржините на Рибарска Бња. (Вечерни јога вежби.) Вечера. Ноќевање.


4.Ден 03.05.2022 (вторник) РИБАРСКА БАЊА (Утрински јога вежби). Појадок. Слободен ден за одмор, индивидуални прошетки и активности, време предвидено за релаксација и факултативно користење на содржините на Рибарска Бања (Вечерни јога вежби.) Вечера. Ноќевање.

5.Ден 04.05.2022 (среда) РИБАРСКА БАЊА – СКОПЈЕ(Утрински јога вежби). Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Заминување кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


ПРОМО цена за пријави до 15.04 – 129€/10.478мкд

Редовна цена – 149€/9.238мкд

ПРОМО цена за пријави до 15.04 – 169€/10.478мкд со јога часови

Редовна цена – 189€/11.718мкд

Цена по лице за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во Рибарски Конаци  во двокреветни и трокреветни соби на база 4 ноќевања
  •  Исхрана на база полупансион (а ла карт) 
  • Секојдневни утрински и вечерни јога вежби со лиценциран јога инструктор (за уплатен пакет со јога часови) 
  • Организиран превоз до Рибарска Бања според утврден распоред – Туристичка такса 
  •  Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето


Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • – Задолжително патничко осигурување
  •  – Дневна карта за влез во Рибарска Бања и користење на базените (700динари – цирка 5€ доплата на лице место)
  • – Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:

  • За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници. 
  •  За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот. 
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
  • Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата. 
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување и Правните Напомени на Агенција Организатор. 
[contact-form-7 404 "Not Found"]