Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.
Програма
ДЕН 1: ЧЕТВРТОК 08.12.2022 СКОПЈЕ-ПРАГА
Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 ч., преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
ДЕН 2: ПЕТОК 09.10.2022 ПРАГА
Пристигнување во Прага во претпладневните часови. Разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник- Орлој, Црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито…
Сместување во хотел. Во вечерните часови индивидуална можност за прошетка низ центарот на Прага. Враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН 3: САБОТА 10.10.2022 ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ-ПРАГА
Појадок. После појадокот факултативно заминување за Карлови Вари- најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија .. Град во кој ќе посакате да останете… .Враќање во хотел. Во вечерните часови факултативна можност за крстарење по реката Влтава, а потоа посета на најпознатата Прашка пивница. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН 4: НЕДЕЛА 11.10.2022 ПРАГА-ВИЕНА-СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и поаѓање за Виена околу 10:00 часот. Попатна посета на шопиг центарот Знојмо. Панорамски разглед на градот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере. Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка.Поаѓање за Скопје во вечерните часови.
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 ЕВРА / 7378 ДЕН. ЗА УПЛАТИ ДО 25.11.2022
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 ЕВРА / 8618 ДЕН.
Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Прага
– Oрганизиран разглед на Виена
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес, Штип и Куманово
Во цената не е вклучено:
– Разглед на прага со локален водич -15 евра
– Факултативен излет на Карлови Вари -30 евра
– Крстарење по реката Влтава -20 евра
– Задолжителна туристичка такса – 2.5€ по лице по ноќевање
– Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување










Error: Contact form not found.